Глумец
Глумец (ж. род глумица) или актер (ж. род актерка) — личност што изведува драмска продукција, работи на филм, телевизија, театар или радио. Старогрчкиот збор за глумец e „хипокрит“, што значи изведувач. Во оваа смисла глумец е личност што изведува односно претставува драмски карактер.
Првите записи за глумците се од 534 година п.н.е., кога старогрчкиот изведувач Теспис излегол на сцена во театарот на Дионис и станал познат по тоа што бил првиот човек што изговорил зборови на измислен лик од драма. Сè до средниот век, глумците не биле луѓе со висок статус во општеството, често поврзувани со пропаѓање и неморален животен стил. Ситуацијата е драматично променета во XIX и XX век кога глумецството станало чесно и почитувано занимање. За времето на средновековието само мажите можеле да бидат глумци, бидејќи се сметало за невкусно жена да настапува на сцена.
Терминологија
уредиПосле 1660 година во Англија, кога жените за првпат почнаа да се појавуваат на сцената, термините актер или актерка беа првично користени за замена на женските изведувчи, но подоцна, под влијание на француската actrice-актерка стана најчесто користен термин за жените во театарот и филмот. Етимологијата е едноставна деривација од актер со ка додадено.[1][1] Заедно со професијата, повторно деонесувањето на првичниот термин зопочнува од 2000-2010, повоениот период кога придонесот на жните во културниот живот беше ре-еволвиран.[2] Глумица останува најкористен термин во големите глумечки награди дадени на жените изведувачи.[3]
Глумецот како тема во уметноста
уреди- „Глумци“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[4]
- „Осамениот глумец“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников од 1921-1922 година.[5] [6]
- „Распаднат глумец“ (англиски: Cracked Actor) — песна на англискиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1973 година.[7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „actress, n.“. Oxford English Dictionary (3. изд.). Oxford, England: Oxford University Press. November 2010.
Although actor refers to a person who acts regardless of gender, where this term "is increasingly preferred", actress remains in general use; actor is increasingly preferred for performers of both sexes as a gender-neutral term.
- ↑ Goodman, Lizbeth; Holledge, Julie (1998). The Routledge reader in gender and performance. New York: Routledge. стр. 8, 93. ISBN 0-415-16583-0.
- ↑ Linden, Sheri (18 January 2009). „From actor to actress and back again“. Entertainment. Los Angeles Times. Посетено на 2009-03-14.
It would be several decades before the word "actress" appeared -- 1700, according to the Oxford English Dictionary, more than a century after the word "actor" was first used to denote a theatrical performer, supplanting the less professional-sounding "player."
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 109.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 19-20.
- ↑ Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 130-131.
- ↑ DISCOGS, David Bowie – Aladdin Sane (пристапено на 18.4.2020)
„Глумец“ на Ризницата ? |
„Глумец“ на Ризницата ? |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |