Нарушување во исхраната
Нарушување во исхраната ― ментално нарушување дефинирано со абнормално однесување кон исхраната кое негативно влијае на физичкото или менталното здравје на една личност.[1] Само едно нарушување во исхраната е можно да се дијагностицира во одреден период.[1] Видови на нарушувања во исхраната вклучуваат нарушување со прекумерна исхрана(BED), каде што пациентот јаде голема количина храна за краток временски период; анорексија нервоза, каде што лицето има интензивен страв од зголемување на телесната тежина, ја ограничува храната или прекумерно вежба за да го спречи овој страв; булимија нервоза, каде што поединците јадат прекумерно количество, а потоа се обидуваат да се ослободат од храната (прочистување); пика, каде што пациентот јаде нехранливи материи како кал,глина,лепило и сл.;синдром на руминација, каде што пациентот регургитира несварена или минимално сварена храна; нарушување на избегнување/рестриктивно внесување храна (ARFID), каде што луѓето имаат намален или селективен внес на храна поради некои психолошки причини (види подолу); и група други наведени нарушувања во хранењето или исхраната.[1] Анксиозните нарушувања, депресијата и злоупотребата на супстанции се вообичаени кај луѓето со нарушувања во исхраната.[2] Овие нарушувања не ја вклучуваат дебелината.[1]
Нарушување во исхраната | |
---|---|
Специјалност | Психијатрија, клиничка психологија |
Симптоми | Вон нормални навики на јадење кои негативно влијаат на физичкото или умственото здравје[1] |
Компликации | Анксиозно растројство, депресија, злоупотреба на дрога,[2] аритмија, откажување на срце и други срцеви проблеми, гастроезофагеална рефлуксна болест, гастроцревни проблеми, низок крвен притисок, откажување на органи и оштетување на мозокот, остеопороза и оштетување на забите, тешка дехидратација и запек, запрени менструални циклуси (аменореја) и неплодност, удар.[3] |
Видови | Прекумерно нарушување во исхраната, анорексија нервоза, булимија нервоза, пика, руминациски синдром, Нарушување на внесување храна преку избегнување/забранување, синдром на јадење ноќе[1] |
Причинители | Нејасни[4] |
Ризик-фактори | Гастроцревни нарушувања, полово злоставување во минатото, да си танчер или гимнастичар[5][6][7][8] |
Лекување | Советување, правилна исхрана, нормална количина на вежби, лекови[2] |
Причините за појава на нарушувањата во исхраната не се јасни, иако се чини дека и биолошките и еколошките фактори играат улога.[2][4] Се верува дека културната идеализација на нереалистична слика за физичкиот изгед придонесува за некои нарушувања во исхраната.[4] Исто така поединци кои доживеале сексуална злоупотреба имаат поголема веројатност да развијат некое нарушување во исхраната.[7] Некои пореметувања како што се пика и пореметување на руминација се јавуваат почесто кај лицата со интелектуална попреченост.[1]
Третман за лекување може да биде делотворен за многу нарушувања во исхраната.[2] Третманот варира во зависност од нарушувањето и може да вклучува советување, совети за исхрана, намалување на прекумерното вежбање и намалување на обидите за елиминирање на храната.[2] Лекови може да се користат за да помогнат со некои од асоцираните симптоми со нарушувањето.[2] Во посериозни случаи може да биде потребна хоспитализација.[2] Околу 70% од луѓето со анорексија и 50% од луѓето со булимија се опоравуваат во рок од пет години.[9] Само 10% од луѓето со нарушување во исхраната добиваат третман, а од нив, приближно 80% не добиваат соодветна грижа. Многумина се испратени дома неколку недели порано од препорачаниот престој и не го добиваат соодветниот третман.[10] Закрепнувањето од нарушување на прекумерната исхрана е помалку јасно и се проценува на 20% до 60%(BED).[9] Обете анорексијата и булимијата го зголемуваат ризикот за смрт.[9]
Проценките за распространетоста на нарушувањата во исхраната варираат во голема мера, имајќи ги в превид разликите во полот, возраста и културата, како и методите што се користат за дијагноза и мерење.[11][12][13] Во развиеното општество, анорексијата влијае на околу 0,4%, а булимијата влијае на околу 1,3% од младите жени во една година.[1] Нарушувањето со прејадување(BED) влијае на околу 1,6% од жените и 0,8% од мажите во една одредена година.[1] Според една анализа, процентот на жени кои би имале анорексија во одреден момент од нивниот живот може да биде до 4%, или до 2% за булимија и нарушувања со прекумерна исхрана(BED).[9] Застапеноста на нарушувања во исхраната се чини дека е пониска во помалку развиените земји.[14] Анорексијата и булимијата се јавуваат речиси десет пати почесто кај жените отколку кај мажите, но сепак тоа не значи дека не се појавуваат и кај мажите.[1] Типичен почеток на нарушувања во исхраната е во доцното детство до раната зрелост.[2] Застапеноста на други нарушувања во исхраната не се јасни.[1]
Класификација
уредиМКЗ и ДСМ дијагнози
уредиСледниве нарушувања во исхраната се наведени како ментални нарушувања и се сретнуваат во стандардните медицински прирачници, вклучувајќи ги МКБ-10 и ДСМ-5.
- Анорексија нервоза (АН) е ограничување на внесот на енергија несоодветен на потребите, што доведува до значително ниска телесна тежина во контекст на возраста, полот, развојната траекторија и физичкото здравје. Тоа е придружено со интензивен страв од дебелеење или имање прекумерна тежина, како и нарушување во начинот на кој се доживува и ја проценува својата телесна тежина или облик. Постојат два поттипа на АН: ограничувачки тип и тип на прекумерна исхрана/прочистување. Ограничувачкиот тип презентира губење на тежина кое се постигнува преку диета, пост и/или прекумерно вежбање, со отсуство на однесување на прекумерна исхрана/прочистување. Типот на прекумерно јадење/прочистување претставува состојба во која поединецот има повторливи епизоди на прејадување и однесување на прочистување, како што се самоиндуцирано повраќање, злоупотреба на лаксативи и диуретици. Степенот на АН се одредува според БМИ, со БМИ под 15 забележани како најекстремни случаи на нарушување.[15] Пубертетните и постпубертетските жени со анорексија често доживуваат аменореа, или губење на менструалните периоди, поради екстремното губење на тежината со кое се соочуваат овие лица. Иако аменореата беше задолжителен критериум за дијагноза на анорексија во ДСМ-IV, таа беше отфрлена во ДСМ-5 поради нејзината ексклузивна природа, бидејќи мажите, жените во постменопауза или индивидуите кои немаат менструација од други причини би пропаднале,да го исполнат овој критериум.[16] Жените со булимија, исто така, може да доживеат аменореа, иако причината не е јасна.[17]
- Булимија нервоза (BED) се одликува со повторливо прекумерно јадење проследено со компензаторни однесувања како што се прочистување (само-индуцирано повраќање, јадење до точка на повраќање, прекумерна употреба на лаксативи/диуретици или прекумерно вежбање). Постот може да се користи и како метод за прочистување по прејадување. Сепак, за разлика од нервната анорексија, телесната тежина се одржува на или над минимално нормално ниво. Степенот на сериозноста на БН се одредува според бројот на епизоди на несоодветно компензаторно однесување неделно.
- Нарушувањето со прекумерно јадење (BED) се одликува со повторливи епизоди на прекумерно јадење без употреба на несоодветни компензаторни однесувања кои се присутни во поттипот БН и АН прекумерно јадење/прочистување. Епизодите на прејадување се асоцирани со јадење многу побрзо од нормалното, јадење сè додека не се чувствувате непријатно заситени, јадење големи количини на храна кога не чувствувате физичка глад, јадење сам поради чувството на засрамување од тоа колку јадете и/или чувство на гадење од себе, чувствување депресивно или чувство на вина после јадење. За да се постави дијагноза BED, мора да биде присутена изразена вознемиреност во врска со прекумерното јадење на самата личност, а прекумерното јадење мора да се случува во просек еднаш неделно во текот на 3 месеци. Степенот на BED се одредува според бројот на епизоди на прекумерно јадење неделно.[1]
- Пика е упорно јадење на нехранливи, непрехранбени супстанции на начин кој не е соодветен или културно поддржан. Иако супстанциите што се консумираат варираат со возраста и достапноста, хартијата, сапунот, косата, кредата, бојата и глината се меѓу најчесто консумираните кај оние со пика дијагноза. Постојат повеќе причини за појава на пика, вклучувајќи анемија со дефицит на железо, неухранетост и бременост, а пика често се јавува во тандем со други нарушувања на менталното здравје поврзани со нарушена функција, како што се интелектуална попреченост, нарушување на спектарот на аутизам и шизофренија. За да биде оправдана дијагнозата на пика, однесувањето мора да трае најмалку еден месец.
- Синдром на руминација, каде што пациентот регургитира опфаќа повторено регургитација на храната, која може повторно да се џвака, повторно да се проголта или да се исплука. За да биде оправдана оваа дијагноза, однесувањето мора да трае најмалку еден месец, а регургитацијата на храната не може да се прeпише на друга медицинска состојба. Дополнително, нарушувањето на руминација е различно од AN, BN, BED и ARFID, и затоа не може да се појави во текот на една од овие болести.
- Нарушувањето со избегнување/рестриктивно внесување храна (ARFID) е нарушување во хранење или исхраната, како што е недостаток на интерес за јадење храна, избегнување врз основа на сетилните одлики на храната или загриженост за долгорочните последици од јадењето, што го спречува лицето да ги задоволи потребата на нутриционистичка енергија. Често се поврзува со губење на тежината, недостаток на исхрана или неисполнување на траекторијата на раст. Имено, ARFID се разликува од AN и BN по тоа што нема докази за нарушување на начинот на кој се доживува телесната тежина или обликот. Нарушувањето не се објаснува подобро со недостаток на достапна храна, културни практики, истовремена медицинска состојба или друго ментално нарушување.[18]
- Друго одредено нарушување на начиниот на исхрана или начинот на исхранување (OSFED) е нарушување во исхраната или начинот на исхранување кое не ги исполнува целосните критериуми на DSM-5 за AN, BN или BED. Пример за лица со ова нарушување во исхраната(OSFED) вклучуваат индивидуи со атипична анорексија нервоза, кои ги исполнуваат сите критериуми за АН, освен тоа што имаат недоволна тежина и покрај значителното губење на тежината; , лица кои ги исполнуваат сите критериуми за БН, освен што булимичното однесување е поретко или не трае доволно долго; или пак за нарушување на прочистувањето и синдром на ноќна исхрана.[1]
- Неодреден начин на исхрана или нарушување во исхраната (USFED) ги опишува нарушувањата во исхранувањето или исхраната кои предизвикуваат изразено вознемиреност и наштетуваат на други аспекти за функционирањето на личноста, но кои не ги исполнуваат целосните критериуми за која било од другите дијагнози. Специфичната причина зошто не ги исполнува критериумите за одредено нарушување не е наведена. На пример, USFED дијагноза може да се даде кога нема доволно информации за да се постави поконкретна дијагноза, како на пример во собата за итни случаи.
Останато
уреди- Компулсивно прејадување, кое може да вклучува вообичаено „пасење“ на храна или епизоди на прекумерно јадење без чувство на вина.[19]
- Дијабулимија, која се одликува со намерна манипулација со нивото на инсулин од страна на дијабетичарите во обид да се контролира нивната тежина.
- Пијанкорексија, која вообичаено се одликува со намерно ограничување на внесот на храна со цел да се резервираат калориите од храната за алкохолни калории, прекумерно вежбање со цел да се согорат калориите од пиењето и прекумерно пиење алкохол со цел да се исчисти претходно консумираната храна.[20]
- Одржување на исхрана, кое се одликува со збир на аберантни однесувања на начинот на исхранување на децата во установи за згрижување.[21]
- Синдром на ноќна исхрана, кој се одликува со ноќна хиперфагија (консумација на 25% или повеќе од вкупните дневни калории после вечерниот оброк) со ноќни голтања, несоница, губење на утринскиот апетит и депресија.
- Ноќно пореметување во исхраната поврзано со спиење, кое е парасомнија која се одликува со јадење, вообичаено надвор од контрола, додека сте во состојба на NREM фаза од сонот, без сеќавање на истото следното утро.
- Гурмански синдром, ретка состојба која се јавува по оштетување на фронталниот лобус. Поединците развиваат опсесивен фокус кон храната со добар квалитет.[22]
- Орторексија нервоза, термин што го користел Стивен Братман за да ја опише опсесијата со „чиста-здрава“ диета, во која личноста развива опсесија со избегнување на нездрава храна до точка каде што има лошо влијание на останатите аспекти од животот личноста.[23]
- Кливер-Бисиев синдромот, предизвикан од билатерални лезии на медијалниот темпорален лобус, вклучува компулсивно јадење, хиперсексуалност, хипероралност, визуелна агнозија и послушност.
- Прадер-Вилиев синдром, генетско нарушување поврзано со ненаситен апетит и морбидна дебелина.
- Прегорексија, која се одликува со екстремна диета и прекумерно вежбање со цел да се контролира зголемувањето на телесната тежина во бременоста. Пренаталната неухранетост е поврзана со ниска родилна тежина, коронарна срцева болест, дијабетес тип 2, мозочен удар, хипертензија, ризик од кардиоваскуларни болести и депресија.[24]
- Мускулната дисморфија се одликува со преокупација на изгледот дека сопственото тело е премногу мало, премногу слабо, недоволно мускулесто или недоволно витко. Мускулната дисморфија најмногу е застапена кај мажите.
- Нарушување со „прочистување“. Повторливото однесување на неприродно прочистување кое влијае на тежината или обликот, но со отсуство на нарушувањето за прекумерно јадење.[1] Тоа е повеќе нарушување на елиминацијата отколку нарушување во исхраната.
Симптоми и долгорочни ефекти
уредиСимптомите и усложувањата кои се појавуваат поради нарушување во исхраната варираат во зависност од природата и сериозноста на нарушувањето:[25]
акни | ксероза | аменореа | губење на забите, кариес |
запек | дијареа | задржување на вода и/или едем | лануго |
телоген ефлувиум | срцев удар | хипокалемија | смрт |
остеопороза[26] | електролитен дисбаланс | хипонатремија | атрофија на мозокот[27][28] |
пелагра[29] | скорбут | бубрежна инсуфициенција | самоубиство[30][31][32] |
Физички симптоми кои се а асоцираат со на нарушувања во исхраната вклучуваат слабост, замор, чувствителност на студ, намален раст на брадата кај мажите, намалување на ерекцијата при будење, намалено либидо, губење тежина и намален раст.[33]
Честото повраќање може да предизвика влегување на кисел гастричен материјал во ларингоезофагеалниот тракт, кое може да доведе до необјаснето засипнатост. Поттикнувањето повраќање поради нарушување во исхраната како кај индивидуите е со анорексија нервоза, типот на прејадување-прочистување или оние со булимија нервоза од типот на прочистување, се изложени на ризик од рефлукс на киселина.[medical citation needed]
Синдромот на полицистични јајници (PCOS) е најчестото ендокрино нарушување што ги зафаќа жените. Иако често се поврзува со дебелината, може да се појави кај поединци со нормална тежина. PCOS се асоцира со нарушувањето на прекумерно јадење и булимично однесување.[34][35][36][37][38][39]
Други можни манифестации на нарушувањето во исхраната се суви усни,[40] печење на јазикот,[40] отекување на паротидната жлезда,[40] и темпоромандибуларни нарушувања.[40]
Психопатологија
уредиПсихопатологијата од дел на нарушувањата во исхраната кој се фокусира на нарушувањето на перцепцијата на своето телото,[41] како што се загриженоста за тежината и обликот; вредноста која личноста ја поставува за сама себе, која зависна од тежината и обликот на тежината; стравот од зголемување на телесната тежина дури и ако личноста има намалена тежина тежина; негирање на тоа колку се сериозни симптомите и погрешено доживување на своето тело од реалноста.[33]
Главните психопатолошки одлики на анорексијата беа наведени во 1982 година како проблеми во перцепцијата на своето телото, доживување на емоциите и меѓучовечките односи.[42][43] Жените со нарушувања во исхраната имаат поголемо незадоволство кон своето телото.[44] Нарушувањето на перцепцијата на своето телото вклучува вид, проприоцепција, интероцепција и тактилна перцепција.[45] Постои промена во интеграцијата на сигналите каде делови од телото се доживуваат како одделни од телото, наместо како целина.[45] Брух еднаш теоретираше дека тешки рани врски се поврзани со причината за анорексија и како примарните старатели можат да придонесат за појава на болеста.[42]
Истакната одлика на булимијата е незадоволството од обликот,изгледот на телото.[46] Сепак, незадоволството од обликот на телото не е од дијагностичко значење бидејќи може да е присутно кај лица без нарушување во исхраната.[46] Оваа многу лабилна одлика може да варира во зависност од промените во обликот и тежината, степенот на контролирањето врз јадењето и расположението.[46] Спротивно на тоа, неопходна дијагностичка одлика за анорексија нервоза и булимија нервоза е тоа имањето преценетите идеи за обликот и тежината се релативно стабилни со дијагностичко значење и делумно поврзани со ниската самодоверба на пациентите.[46]
Про-ана субкултура
уредиПро-ана подразбира промовирање на однесувања поврзани со нарушување во исхраната анорексија нервоза. Неколку мрежни места ги промовираат нарушувањата во исхраната и можат да обезбедат можност за поединците да комуницираат со цел да ги задржат нивното нарушување. Членовите на овие веб страници обично чувствуваат дека нивното нарушување во исхраната е единствениот аспект од нивниот хаотичен живот кој би можеле да го контролираат.[47] Овие мрежни места се често интерактивни и имаат табли за дискусија каде што поединците можат да споделуваат стратегии, идеи и искуства, како што се планови за исхрана и вежбање со кои се постигнува екстремно мала тежина.[48] Направена студија која ги споредува личните веб-блогови кои се за нарушување во исхраната наспроти оние фокусирани на закрепнување, покажа дека блоговите за нарушување во исхраната содржеле јазик кој одразува пониска когнитивност, користеле позатворен стил на пишување, содржеле помалку емоционално изразување и помалку социјални референци, повеќе фокусирајќи се на содржини поврзани за јадење отколку на блоговите за закрепнување.[49]
Причини
уредиПричините за појава на нарушувањата во исхраната сè уште не се јасно утврдени.
Многу луѓе со нарушувања во исхраната, исто така, имаат нарушување на перцепцијата за своето телото и коморбидно телесно дисморфично нарушување, што ги доведува до изменета перцепција за нивното тело од реалноста.[50][51] Студиите открија дека голем дел од лицата на кои им е дијагностицирано телесно дисморфично нарушување, исто така имале некаков вид на нарушување во исхраната, при што 15% од поединците имале или анорексија нервоза или булимија нервоза.[50] Оваа врска помеѓу телесните дисморфни нарушувања и анорексијата произлегува од фактот дека и BDD и анорексија нервоза се одликуваат со преокупација со физичкиот изглед и нарушување на перцепцијата за своето телото.[51]
Исто така, постојат многу други можности кои би можеле да ги промовираат и да ги одржуваат овие болести, како што се еколошки, социјални и меѓучовечки проблеми.[52] Исто така, честопати за порастот на инциденцата на нарушувања во исхраната се обвинуваат медиумите поради фактот што медиумските промовираат идеализирана слика за тенка физичка форма која се сретнува кај луѓето како што се моделите и познатите личности. Ова може да ги мотивира или дури да ги принудуваат луѓето самите да се обидат да постигнат виткост промовирана од медиумите. За искривување на реалноста се обвинети медиумите во смисла дека луѓето прикажани во медиумите се природно слаби и со тоа не ја претставуваат нормалноста или неприродно слаби со тоа што ги принудуваат нивните тела да изгледаат како одредена идеална слика. Постигнувајќи го истото со прекумерен притисок врз себе да изгледаат на одреден начин. Додека минатите наоди ги опишаа нарушувањата во исхраната како првенствено психолошки, еколошки и социокултурни, понатамошните студии открија докази дека постои генетска компонента.[53]
Генетика
уредиБројни студии покажуваат генетска предиспозиција за нарушувања во исхраната.[54][55] Студиите како оние со близнаци открија мали случаи на генетска варијанса кога се разгледуваат различните критериуми за нервната анорексија и за булимија нервоза како ендофенотипови кои придонесуваат за појава на нарушувањата како целина.[52] Кај повеќе членови на семејство на поединец со анорексија нервоза е пронајдена генетска врска на хромозомот 1.[53] Една личност има седум до дванаесет пати поголеми шанси да има нарушување во исхраната доколку е роднина од прв степен на некој кој имал или моментално има пореметување во исхраната.[56] Студиите за близнаци, исто така, покажуваат дека барем еден дел од ранливоста за развивање на нарушување во исхраната може да се наследи, а постојат докази кои покажуваат дека постои генетски локус кој покажува подложност за развој на анорексија нервоза.[56] Околу 50% од случаите на нарушувања во исхраната се припишуваат на генетиката.[57] Други случаи се должат на надворешни причини или развиени проблеми.[58] Исто така, до однесување на прeкумерно јадење и прочистување, може да доведат и други невробиолошки фактори поврзани со емоционалната реактивност и импулсивност.[59]
Епигенетските механизми се средства околината влијае и ја менуваат генската експресија преку методи како што е метилацијата на ДНК; тие се независни од основната ДНК секвенца и не ја менуваат истата. Иако тие се наследни, исто така може да се појават низтекот на целиот животен век, но се потенцијално реверзибилни. Во различни нарушувања исхраната е присутна нерегулацијата на допаминергичната невротрансмисија поради епигенетските механизм[60] Други кандидати за гени за епигенетски студии за нарушувања во исхраната вклучуваат лептин, про-опиомеланокортин (POMC) и невротрофичен фактор добиен од мозокот (BDNF).[61]
Психолошки
уредиНарушувањата во исхраната се класифицирани како нарушувања на оската I[62] во Дијагностички и статистички прирачник за нарушувања на менталното здравје (DSM-IV) објавен од Американската психијатриска асоцијација. Врз нарушувањата во исхраната постојат разни други психолошки прашања кои се фактор за влијание, некои ги исполнуваат критериумите за посебна дијагноза на оската I или на нарушувањето на раствојство на личноста кое е означено со оска II. И истите се сметаат за коморбидни со дијагностицираното нарушување во исхраната. A, B и C се трите кластери на оската II каде се поттипизирани нарушувањата. Причиноста помеѓу растројствата на личноста и нарушувањата во исхраната допрва треба целосно да се утврди.[63] Некои луѓе имаат претходно нарушување што може да ја зголеми нивната ранливост за развој на нарушување во исхраната.[64][65][66] Некои ги развиваат потоа.[67] Се покажа дека сериозноста и видот на симптомите на нарушување во исхраната влијаат на коморбидитетот.[68] Имаше контроверзии околу различните изданија на дијагностичките критериуми на DSM, вклучувајќи го и последното издание, DSM-V,мај 2013 година.[69][70][71][72][73]
Оска I | Оска II |
---|---|
депресија[74] | опсесивно компулсивно растројство на личноста [75] |
злоупотреба на супстанции, алкохолизам[76] | гранично растројство на личноста[77] |
анксиозни нарушувања[78] | нарцисоидно растројство на личноста[79] |
опсесивно компулсивно нарушување[80][81] | хистрионско растројство на личноста[82] |
Нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание[83][84][85][86] | избегнувачко растројство на личноста[87] |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 American Psychiatric Association (2013). Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders (5. изд.). Arlington, VA: American Psychiatric Association. стр. 329–354. ISBN 978-0-89042-555-8.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 „What are Eating Disorders?“. NIMH. Архивирано од изворникот на 23 мај 2015. Посетено на 4 септември 2022.
- ↑ Clinic, Clevelandclinic. „Eating Disorders“. https://my.clevelandclinic,org. Clevelandclinic. Посетено на 4 септември 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „A critique of the literature on etiology of eating disorders“. Annals of Neurosciences. 20 (4): 157–161. октомври 2013. doi:10.5214/ans.0972.7531.200409. PMC 4117136. PMID 25206042.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Arcelus J, Witcomb GL, Mitchell A (март 2014). „Prevalence of eating disorders amongst dancers: a systemic review and meta-analysis“. European Eating Disorders Review. 22 (2): 92–101. doi:10.1002/erv.2271. PMID 24277724.
- ↑ Satherley R, Howard R, Higgs S (јануари 2015). „Disordered eating practices in gastrointestinal disorders“ (PDF). Appetite (Review). 84: 240–50. doi:10.1016/j.appet.2014.10.006. PMID 25312748. S2CID 25805182. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 септември 2019. Посетено на 4 септември. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ 7,0 7,1 „Sexual abuse and lifetime diagnosis of psychiatric disorders: systematic review and meta-analysis“. Mayo Clinic Proceedings. 85 (7): 618–29. јули 2010. doi:10.4065/mcp.2009.0583. PMC 2894717. PMID 20458101.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ McNamee M (2014). Sport, Medicine, Ethics. Routledge. стр. 115. ISBN 9781134618330.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 „Epidemiology, course, and outcome of eating disorders“. Current Opinion in Psychiatry. 26 (6): 543–548. ноември 2013. doi:10.1097/yco.0b013e328365a24f. PMID 24060914.
- ↑ „Eating Disorder Statistics“. www.state.sc.us. Архивирано од изворникот на 2023-09-29. Посетено на 4 септември 2022.
- ↑ Грешка во Lua во Модул:Citation/CS1/Identifiers, ред 500: wrong number of arguments to 'insert'
- ↑ Schaumberg, Katherine; Welch, Elisabeth; Breithaupt, Lauren; Hübel, Christopher; Baker, Jessica H.; Munn-Chernoff, Melissa A.; и др. (ноември 2017). „The Science Behind the Academy for Eating Disorders' Nine Truths About Eating Disorders“. European Eating Disorders Review. 25 (6): 432–450. doi:10.1002/erv.2553. ISSN 1072-4133. PMC 5711426. PMID 28967161.
- ↑ „Eating Disorder Statistics“. National Eating Disorders Association. 22 август 2019. Посетено на 4 септември 2022.
- ↑ „Cultural trends and eating disorders“. Current Opinion in Psychiatry. 27 (6): 436–42. ноември 2014. doi:10.1097/yco.0000000000000100. PMID 25211499.
- ↑ „Anorexia Nervosa: Symptoms, Causes, and Treatments“. Healthline. 25 јули 2012. Посетено на 4 септември 2022.
- ↑ Nolen-Hoeksma S (2014). Abnormal Psychology (6. изд.). US: McGraw-Hill. стр. 339. ISBN 978-1-308-21150-3.
- ↑ Mash EJ, Wolfe DA (2010). „Eating Disorders and Related Conditions“. Abnormal Child Psychology. Belmont, CA: Wadsworth: Cengage Learning. стр. 415–26. ISBN 978-0-495-50627-0.
- ↑ „Characteristics of avoidant/restrictive food intake disorder in children and adolescents: a "new disorder" in DSM-5“. The Journal of Adolescent Health. 55 (1): 49–52. јули 2014. doi:10.1016/j.jadohealth.2013.11.013. PMID 24506978.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „"Grazing": a high-risk behavior“. Obesity Surgery. 14 (1): 98–102. јануари 2004. doi:10.1381/096089204772787374. PMID 14980042.
- ↑ „Drunkorexia: understanding the co-occurrence of alcohol consumption and eating/exercise weight management behaviors“. Journal of American College Health. 60 (3): 236–43. 2012. doi:10.1080/07448481.2011.587487. PMID 22420701.
- ↑ „Mental health of children in foster and kinship care in New South Wales, Australia“. Journal of Paediatrics and Child Health. 42 (3): 89–97. март 2006. doi:10.1111/j.1440-1754.2006.00804.x. PMID 16509906.
- ↑ „"Gourmand syndrome": eating passion associated with right anterior lesions“. Neurology. 48 (5): 1185–90. мај 1997. doi:10.1212/wnl.48.5.1185. PMID 9153440.
- ↑ Too Much #Fitspo: When Healthy Eating Becomes an Eating Disorder Архивирано на {{{2}}}., Glammonitor.com, 2015-4-29
- ↑ „What is pregorexia?“. Journal of the American Dietetic Association. 109 (6): 976–9. јуни 2009. doi:10.1016/j.jada.2009.04.021. PMID 19465173.
- ↑ „Dermatologic signs in patients with eating disorders“. American Journal of Clinical Dermatology. 6 (3): 165–73. 2005. doi:10.2165/00128071-200506030-00003. PMID 15943493.
- ↑ „Osteoporosis in women with eating disorders: comparison of physical parameters, exercise, and menstrual status with SPA and DPA evaluation“. Journal of Nuclear Medicine. 31 (3): 325–31. март 1990. PMID 2308003.
- ↑ „Reversible brain atrophy and subcortical high signal on MRI in a patient with anorexia nervosa“. Neuroradiology. 43 (10): 838–40. октомври 2001. doi:10.1007/s002340100589. PMID 11688699.
- ↑ „A case of marked cerebellar atrophy in a woman with anorexia nervosa and cerebral atrophy and a review of the literature“. The International Journal of Eating Disorders. 24 (4): 443–7. декември 1998. doi:10.1002/(SICI)1098-108X(199812)24:4<443::AID-EAT13>3.0.CO;2-4. PMID 9813771.
- ↑ „Pellagra: a rare complication of anorexia nervosa“. European Child & Adolescent Psychiatry. 16 (7): 417–20. октомври 2007. doi:10.1007/s00787-007-0613-4. PMID 17712518.
- ↑ „[Suicide and attempted suicide in anorexia nervosa and bulimia nervosa]“. Annali dell'Istituto Superiore di Sanità. 39 (2): 275–81. 2003. PMID 14587228.
- ↑ „What predicts suicide attempts in women with eating disorders?“. Psychological Medicine. 34 (5): 843–53. јули 2004. doi:10.1017/S0033291703001545. PMID 15500305.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „Factors associated with suicidal behaviors in a large French sample of inpatients with eating disorders“. The International Journal of Eating Disorders. 40 (7): 589–95. ноември 2007. doi:10.1002/eat.20415. PMID 17607699.
- ↑ 33,0 33,1 „Eating disorders“. Lancet. 375 (9714): 583–593. февруари 2010. doi:10.1016/S0140-6736(09)61748-7. PMID 19931176.
- ↑ „Impaired cholecystokinin secretion and disturbed appetite regulation in women with polycystic ovary syndrome“. Gynecological Endocrinology. 19 (2): 79–87. август 2004. doi:10.1080/09513590400002300. PMID 15624269.
- ↑ „Polycystic ovary syndrome in bulimic women--an evaluation based on the new diagnostic criteria“. Gynecological Endocrinology. 22 (7): 388–94. јули 2006. doi:10.1080/09513590600847421. PMID 16864149.
- ↑ „Polycystic ovary syndrome and bulimia“. Fertility and Sterility. 55 (2): 287–91. февруари 1991. doi:10.1016/S0015-0282(16)54117-X. PMID 1991526.
- ↑ „Bulimia nervosa and polycystic ovary syndrome“. Gynecological Endocrinology. 9 (2): 113–7. јуни 1995. doi:10.3109/09513599509160199. PMID 7502686.
- ↑ „Polycystic ovarian morphology and bulimia nervosa: a 9-year follow-up study“. Fertility and Sterility. 77 (5): 928–31. мај 2002. doi:10.1016/S0015-0282(02)03063-7. PMID 12009345.
- ↑ „Diagnostic criteria for polycystic ovary syndrome: pitfalls and controversies“. Journal of Obstetrics and Gynaecology Canada. 30 (8): 671–679. август 2008. doi:10.1016/s1701-2163(16)32915-2. PMC 2893212. PMID 18786289.
- ↑ 40,0 40,1 40,2 40,3 „Oro-facial manifestations in patients with eating disorders“. Appetite. 59 (2): 499–504. октомври 2012. doi:10.1016/j.appet.2012.06.016. PMID 22750232.
- ↑ Artoni, P.; Chierici, M. L.; Arnone, F.; Cigarini, C.; De Bernardis, E.; Galeazzi, G. M.; и др. (1 март 2021). „Body perception treatment, a possible way to treat body image disturbance in eating disorders: a case–control efficacy study“. Eating and Weight Disorders - Studies on Anorexia, Bulimia and Obesity. 26 (2): 499–514. doi:10.1007/s40519-020-00875-x. ISSN 1590-1262. PMID 32124409.
- ↑ 42,0 42,1 „Anorexia Nervosa, Theory and Treatment: Where Are We 35 Years on from Hilde Bruch's Foundation Lecture?“. European Eating Disorders Review. 25 (3): 139–147. мај 2017. doi:10.1002/erv.2511. PMID 28402069.
- ↑ „Attachment and eating disorders: a review of current research“. The International Journal of Eating Disorders. 47 (7): 710–7. ноември 2014. doi:10.1002/eat.22302. PMID 24862477.
- ↑ „The nature and extent of body-image disturbances in anorexia nervosa and bulimia nervosa: a meta-analysis“. The International Journal of Eating Disorders. 22 (2): 107–25. септември 1997. doi:10.1002/(SICI)1098-108X(199709)22:2<107::AID-EAT1>3.0.CO;2-J. PMID 9261648.
- ↑ 45,0 45,1 „Nonvisual multisensory impairment of body perception in anorexia nervosa: a systematic review of neuropsychological studies“. PLOS ONE. 9 (10): e110087. 10 октомври 2014. Bibcode:2014PLoSO...9k0087G. doi:10.1371/journal.pone.0110087. PMC 4193894. PMID 25303480.
- ↑ 46,0 46,1 46,2 46,3 „Confusion over the core psychopathology of bulimia nervosa“. The International Journal of Eating Disorders. 13 (4): 385–9. мај 1993. doi:10.1002/1098-108x(199305)13:4<385::aid-eat2260130406>3.0.co;2-w. PMID 8490640.
- ↑ „Starving is the most fun a girl can have: The Pro-Ana subculture as edgework“. Critical Criminology. 17 (2): 93–108. 2009. doi:10.1007/s10612-009-9074-z.
- ↑ „e-Ana and e-Mia: A content analysis of pro-eating disorder Web sites“. American Journal of Public Health. 100 (8): 1526–34. август 2010. doi:10.2105/AJPH.2009.172700. PMC 2901299. PMID 20558807.
- ↑ „Language Use in Eating Disorder Blogs: Psychological Implications of Social Online Activity“. Journal of Language and Social Psychology. 32 (2): 212–226. 2013. doi:10.1177/0261927x12474278.
- ↑ 50,0 50,1 „Comorbidity of body dysmorphic disorder and eating disorders: severity of psychopathology and body image disturbance“. The International Journal of Eating Disorders. 39 (1): 11–9. јануари 2006. doi:10.1002/eat.20219. PMID 16254870.
- ↑ 51,0 51,1 „Body dysmorphic disorder in patients with anorexia nervosa: prevalence, clinical features, and delusionality of body image“. The International Journal of Eating Disorders. 32 (3): 291–300. ноември 2002. doi:10.1002/eat.10091. PMID 12210643.
- ↑ 52,0 52,1 „Genetic epidemiology, endophenotypes, and eating disorder classification“. The International Journal of Eating Disorders. 40 (Suppl): S52-60. ноември 2007. doi:10.1002/eat.20398. PMID 17573683.
- ↑ 53,0 53,1 „A genetic link to anorexia“. Monitor on Psychology. 33 (3): 34. 2002.
- ↑ „The evolving genetic foundations of eating disorders“. The Psychiatric Clinics of North America. 24 (2): 215–25. јуни 2001. doi:10.1016/S0193-953X(05)70218-5. PMID 11416922.
- ↑ „Environmental and genetic risk factors for eating disorders: what the clinician needs to know“. Child and Adolescent Psychiatric Clinics of North America. 18 (1): 67–82. јануари 2009. doi:10.1016/j.chc.2008.07.003. PMC 2719561. PMID 19014858.
- ↑ 56,0 56,1 „The children of mothers with eating disorders“. Clinical Child and Family Psychology Review. 5 (1): 1–19. март 2002. doi:10.1023/A:1014524207660. PMID 11993543.
- ↑ „The genetics of eating disorders“. Annual Review of Clinical Psychology. 9: 589–620. 2013. doi:10.1146/annurev-clinpsy-050212-185546. PMID 23537489.
- ↑ Kadison R (2004). College of the Overwhelmed: The Campus Mental Health Crisis and What to Do About It. San Francisco: Jossey-Bass. стр. 132. ISBN 9780787981143.
- ↑ Iarovici D (2014). Mental Health Issues & the University Student. Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 104. ISBN 9781421412382.
- ↑ „Epigenetic dysregulation of dopaminergic genes in eating disorders“. The International Journal of Eating Disorders. 43 (7): 577–83. ноември 2010. doi:10.1002/eat.20745. PMID 19728374.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „Eating disorders, gene-environment interactions and epigenetics“. Neuroscience and Biobehavioral Reviews. 35 (3): 784–93. јануари 2011. doi:10.1016/j.neubiorev.2010.09.012. PMID 20888360.
- ↑ „Personality profiles in eating disorders: rethinking the distinction between axis I and axis II“. The American Journal of Psychiatry. 158 (4): 547–62. април 2001. doi:10.1176/appi.ajp.158.4.547. PMID 11282688.
- ↑ „The comorbidity of eating disorders and personality disorders: a meta-analytic review of studies published between 1983 and 1998“. Eating and Weight Disorders. 5 (2): 52–61. јуни 2000. doi:10.1007/bf03327480. PMID 10941603.
- ↑ „Comorbidity of anxiety disorders with anorexia and bulimia nervosa“. The American Journal of Psychiatry. 161 (12): 2215–21. декември 2004. doi:10.1176/appi.ajp.161.12.2215. PMID 15569892.
- ↑ „Obsessive compulsive comorbidity in the dieting disorders“. The International Journal of Eating Disorders. 21 (1): 83–7. јануари 1997. doi:10.1002/(SICI)1098-108X(199701)21:1<83::AID-EAT10>3.0.CO;2-P. PMID 8986521.
- ↑ „Personality variables and disorders in anorexia nervosa and bulimia nervosa“. Journal of Abnormal Psychology. 103 (1): 137–47. февруари 1994. doi:10.1037/0021-843X.103.1.137. PMID 8040475.
- ↑ „Psychiatric comorbidity in patients with eating disorders“. Psychological Medicine. 24 (4): 859–67. ноември 1994. doi:10.1017/S0033291700028956. PMID 7892354.
- ↑ „Links between eating disorder symptom severity and psychiatric comorbidity“. Eating Behaviors. 8 (3): 364–73. август 2007. doi:10.1016/j.eatbeh.2006.11.012. PMID 17606234.
- ↑ „DSM revision surrounded by controversy“. CMAJ. 182 (1): 16–7. јануари 2010. doi:10.1503/cmaj.109-3108. PMC 2802599. PMID 19920166.
- ↑ „DSM-III-R: the conflict over new psychiatric diagnoses“. Health & Social Work. 14 (2): 91–101. мај 1989. doi:10.1093/hsw/14.2.91. PMID 2714710.
- ↑ „DSM-IV Diagnostic Criteria for Eating Disorders May Be Too Stringent“. Medscape. Архивирано од изворникот на 2012-05-13.
- ↑ „The Politics of Disease Definition: A Summer of DSM-V Controversy in Review. Stanford Center for Law and the Biosciences“. 10 септември 2009. Архивирано од изворникот на 15 September 2010. Посетено на 4 септември 2022.
- ↑ „Psychiatry manual's secrecy criticized“. Los Angeles Times. 29 декември 2008. Архивирано од изворникот на 23 јануари 2010.
- ↑ „Depression and eating disorders“. Depression and Anxiety. 8 (Suppl 1): 96–104. 1998. doi:10.1002/(SICI)1520-6394(1998)8:1+<96::AID-DA15>3.0.CO;2-4. PMID 9809221.
- ↑ „Anorexia nervosa: obsessive-compulsive disorder, obsessive-compulsive personality disorder, or neither?“. Clinical Psychology Review. 22 (5): 647–69. јуни 2002. doi:10.1016/S0272-7358(01)00112-X. PMID 12113200.
- ↑ „Alcohol use disorder comorbidity in eating disorders: a multicenter study“. The Journal of Clinical Psychiatry. 65 (7): 1000–6. јули 2004. doi:10.4088/JCP.v65n0718. PMID 15291691.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „Patterns of personality disorders in women with chronic eating disorders“. Eating and Weight Disorders. 9 (3): 200–5. септември 2004. doi:10.1007/bf03325067. PMID 15656014.
- ↑ „The co-morbidity of eating disorders and anxiety disorders: a review“. European Eating Disorders Review. 15 (4): 253–74. јули 2007. doi:10.1002/erv.784. PMID 17676696.
- ↑ „Pathological narcissism and narcissistic personality disorder in Axis I disorders“. Harvard Review of Psychiatry. 3 (6): 326–40. 1996. doi:10.3109/10673229609017201. PMID 9384963.
- ↑ „Childhood obsessive-compulsive personality traits in adult women with eating disorders: defining a broader eating disorder phenotype“. The American Journal of Psychiatry. 160 (2): 242–7. февруари 2003. doi:10.1176/appi.ajp.160.2.242. PMID 12562569.
- ↑ „The Brown Longitudinal Obsessive Compulsive Study: clinical features and symptoms of the sample at intake“. The Journal of Clinical Psychiatry. 67 (5): 703–11. мај 2006. doi:10.4088/JCP.v67n0503. PMC 3272757. PMID 16841619.
- ↑ „[Characteristics of the forming personality in children suffering from anorexia nervosa]“. Psychiatria Polska. 38 (6): 1011–8. 2004. PMID 15779665.
- ↑ „Are girls with ADHD at risk for eating disorders? Results from a controlled, five-year prospective study“. Journal of Developmental and Behavioral Pediatrics. 28 (4): 302–7. август 2007. doi:10.1097/DBP.0b013e3180327917. PMID 17700082.
- ↑ „Bulimia nervosa and attention deficit hyperactivity disorder: a possible role for stimulant medication“. Journal of Women's Health. 14 (4): 345–50. мај 2005. doi:10.1089/jwh.2005.14.345. PMID 15916509.
- ↑ „Bulimia nervosa symptoms in the multimodal treatment study of children with ADHD“. The International Journal of Eating Disorders. 43 (3): 248–59. април 2010. doi:10.1002/eat.20692. PMID 19378318.
- ↑ „Attention-deficit/hyperactivity disorder (ADHD) and binge eating“. Nutrition Reviews. 65 (9): 404–11. септември 2007. doi:10.1111/j.1753-4887.2007.tb00318.x. PMID 17958207.
- ↑ „Bulimia nervosa with co-morbid avoidant personality disorder: behavioural characteristics and serotonergic function“. Psychological Medicine. 34 (1): 113–24. јануари 2004. doi:10.1017/S003329170300864X. PMID 14971632.
Надворешни врски
уредиКласификација |
---|
- Нарушување во исхраната на Curlie (англиски)