Отвори го главното мени

Психијатрија е гранка на медицината која се занимава со настанувањето, развојот и манифестирањето на болестите на човековата личност кои произлегуваат од субјективниот индивидуален живот и неговите односи со околината. Изразот „психијатрија“ претставува кованица од старогрчките зборови psyche, што значи душа и iatros, што значи лекар. Психијатријата претставува медицинска дисциплина која се занимава со дијагностицирање и лекување (фармаколошкитретман, психотераписки техники) на менталните растројства кај луѓето. Докторот на медицина, специјалист по психијатрија се нарекува психијатар.

Главни клинички манифестации (симптоми и синдроми) на менталните растројстваУреди

Дескриптивната или феноменолошка психијатрија ги опфаќа психопатолошките карактеристики на менталните растројства групирани во вид на симптоми или синдроми. Присуството на некој психопатолошки симптом не значи секогаш и душевно растројство. Одредени симптоми (па и халуцинациите) можат да се сретнат и кај здрави личности во одредени физиолошки состојби (замор, поспаност, фантазии, страв).

Постојат повеќе поделби на најчестите симптоми во психијатриската практика. Од практични причини најчесто се класифицираат во две спротивставени групи:

  • позитивни симптоми (или „плус“ како уште се нарекуваат), многу подобро реагираат на фармакотерапијата од негативните и тие опфаќаат: психомоторна возбуда, агитираност, халуцинации и делузивни (налудничави) идеи.
  • негативни симптоми - овие симптоми се порезистентни (отпорни)на класичната невролептична терапија и меѓу нив доминираат: афективна тапост (атимија), безволност (ахормија), аутизам и други.

КритикаУреди

Во романот „Надја“, францускиот писател Андре Бретон пишува дека чувствува презир кон психијатријата и кон нејзините помпезни церемонии.[1] Според него, во душевните болници, наместо да се лекуваат болните, „токму таму се создаваат лудаци“, таму се затвораат луѓето поради „прекршок кон пристојноста и здравиот разум“ и „во тие болниви до крајот на животот остануваат затворени луѓе кои немале што да бараат таму, или немаат повеќе потреба да бидат таму“.[2] Понатаму, тој вели дека „атмосферата во душевните болници е таква, што таа мора да врши најразорно, најопосно влијани еврз оние кои се наоѓаат во нив“, а тоа не само што го оневозможува оздравувањето, туку води кон влошување на здравствената состојба на пациентите.[3]

Надворешни врскиУреди

ИзвориУреди

  • Проф. д-р med.sci. Георги Чадловски - Психијатриско-дијагностички тераписки прирачникСкопје: Просветно дело, 1999.

НаводиУреди

  1. Андре Бретон, Надја. Скопје: Магор, 2009, стр. 126.
  2. Андре Бретон, Надја. Скопје: Магор, 2009, стр. 123.
  3. Андре Бретон, Надја. Скопје: Магор, 2009, стр. 124-125.