Бигорексија
Нарушувања во исхраната кај жените и нивното штетно влијание на здравјето, се доста познати и често дискутирани теми. Но, во последно време , не ретко се слуша и за состојбата наречена бигорексија, или мускулна дисморфија
Бигорексија
уредиБигорексијата денес погодува илјадници мажи кои се стремат кон совршен изглед на мускулите и никогаш не се задоволни од нивната големина. Поминуваат долги часови во вежбална сè до последниот сет вежби со надеж дека тоа ќе му овозможи да ја зголемат мускулната маса. Без разлика колку и да ја зголемат мускулната маса, тие имаат нарушена слика за својот изглед. И се “гледаат” како премногу слаби и со недоволно количество мускулна маса. Мошне често , кај овие личности се појавува опсесија кон бежбањето и конзумирањето високобелковинска храна. Доколку пропуштат тренинг , кај нив се појавува честа нервоза. Вежбањето и конзумирањето редовно на високобелковинска храна, станува нивна главна преокупација во животот. Честопати, личноста со вакво нарушување тренира и за време на нарушено здравје или некој вид повреда, односно при забрана од лекар да се применува напорна физичка активност. Некои донесуваат и одлука да користата анаболични стероиди, сметајќи дека тоа би помогнало значително и брзо да ја зголемат мускулната тежина. Оваа преокупација може негативно да се одрази на љубовната врска на личноста, како и на нејзините пријателски односи, па дури и на работните односи. Да и се помогне на личноста која страда од бигорексија не е едноставно. Третманот бара многу советување и посебен пристап со кој ќе му помогне на лицето да го промени својот став и нереалната претстава за својот изглед.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |