Меѓународната статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми, X ревизија (МКБ-10, меѓународно: ICD-10) е список на медицинска класификација со шифри за болестите, знаците и симптомите, абнормални наоди, поплаки, општествени пригоди и надворешни причинители на повреди или заболувања, со кој раководи Светската здравствена организација (СВО).[1] Можни се над 14 400 различни шифри, како и следење на многуте нови дијагнози. Со дополнителните (незадолжителни) поткласификации, списокот може да се прошири до 16 000 шифри.

Меѓународната верзија (со превод на 42 јазика) на МКБ има свои „Клинички измени“ кои содржат многу повеќе подробности и понекогаш имаат посебни делови за постоперативни процедури. На пример, верзијата US ICD-10 CM има 68 000 шифри, а покрај тоа и систем ICD-10 PCS за процедури со 76 000 кој не постои во ниедна друга земја.[2]

Составувањето на МКБ-10 започнало во 1983, за завршило во 1992 година.[1]

Список

уреди

Ова е список на МКБ-10 шифри.[3]

Меѓународна статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми, X ревизија
Глава Блокови Наслов
I A00–B99 Одредени инфективни и паразитски болести
II C00–D48 Неоплазми
III D50–D89 Болести на крвта и крвните органи и одредени заболувања кај имунолошкиот механизам
IV E00–E90 Ендокрини, нутритивни и болести на метаболизам
V F00–F99 Ментални и болести на однесувањето
VI G00–G99 Болести на нервниот систем
VII H00–H59 Болести на очите и аднекси
VIII H60–H95 Болести на ушите и мастоидниот процес
IX I00–I99 Болести на циркулаторниот систем
X J00–J99 Болести на респираторниот систем
XI K00–K93 Болести на дигестивниот систем
XII L00–L99 Болести на кожа и поткожно ткиво
XIII M00–M99 Болести на мускулоскелетален систем и сврзно ткиво
XIV N00–N99 Болести на генитоуринарниот систем
XV O00–O99 Бременост, раѓање и пуерпериум
XVI P00–P96 Одредени состојби кои потекнуваат од перинаталниот период
XVII Q00–Q99 Вродени аномалии, деформации и хромозомски абнормалности
XVIII R00–R99 Симптоми, знаци и абнормални клинички и лабораториски наоди, некласифицирани на друго место
XIX S00–T98 Повреди, труење и одредени други последици од надворешни причини
XX V01–Y98 Надворешни причини за морбидитет и морталитет
XXI Z00–Z99 Фактори кои влијаат врз здравствениот статус и контакт со здравствени услуги
XXII U00–U99 Шифри за специјални намени

[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Меѓународна класификација на болестите“. Светска здравствена организација. Посетено на 23 ноември 2010. (англиски)
  2. U.S. Department of Health & Human Services (15 август 2008). "HHS Proposes Adoption of ICD-10 Code Sets and Updated Electronic Transaction Standards". Соопштение за печат.  посет. 22 октомври 2008 г Архивирано на 17 септември 2008 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-09-17. Посетено на 2011-12-22.
  3. „Меѓународна статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми, X ревизија“ (PDF). Светска здравствена организација, верзија на НЦЗК Сиднеј. 2006. - Фонд за здравствено осигурување на Македонија (македонски)
  4. Табеларна листа на болести, МКБ-10-АМ, Министерство за здравство на РМ