Зарипнатост

(Пренасочено од Засипнатост)

Зарипнатост[1][2], засипнатост[3][4] или дисфонија — какво било отстапување од нормалниот тон, интензитет и квалитет на гласот и најчесто е симптом на заболување на грлото.

Зарипнатост
СинонимиЗасипнатост, дисфонија
СпецијалностОториноларингологија

Зарипнатоста е последица на болести во самиот грклан или во оддалечните органи (централен нервен систем, врат и граден кош). Засипнатост се јавува кај повеќе од педесет различни болести (воспаление на гласилките, развој на бениген или малиген тумор на гласилките, лузни на гласилките со стеснување на гркланот, замор на мускулите што ги движат гласилките, парализа на повратниот грклански живец кој го инервира гркланот и е оштетен поради гушавост на штитната жлезда и др. Понекогаш причината е несоодветна употреба на гласот, а психогените причини се исто така многу чести. Психичката зарипнатост е предизвикана од психолошки судири, неврози од страв итн. Функционална засипнатост е доста честа појава кај луѓето кои го користат гласот во своите професии (наставници, глумци, пејачи итн.).

Во случај на воспалителни промени, засипнатоста ја менува јачината, висината и бојата во текот на денот. Се појавува рапавост и засипнатост на гласот, кој станува сув, груб и повеќе или помалку длабок, а потоа станува послаб. Доколку трае долго и постепено се влошува, најчесто е резултат на тумор.

Дијагнозата се поставува врз основа на анамнеза, клиничка слика, клинички преглед, ларингомикроскопија итн.

Се лекува основното нарушување што ја предизвикало зарипнатоста.

Наводи

уреди


     Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување
во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето).