Наруто
Наруто (NARUTO -ナルト- , латинизирано како NARUTO) — тековна јапонска манга напишана и илустрирана од Масаши Кишимото. Заплетот ја кажува приказната на Наруто Узумаки, бучен, хиперактивен и млад нинџа што постојано бара признавање и се стреми да стане Хокаге, нинџа во неговото село што се препознава како водач и како најсилен од сите. Серијалот е заснован на one-shot стрип од Кишимото, кој бил издаден во изданието Akamaru Jump за август 1997 г.
Наруто | ||||
---|---|---|---|---|
Првото издание на манга стрипот. | ||||
NARUTO (-ナルト-) | ||||
Жанр | акција, авантура, фантазија | |||
| ||||
Творец | Масаши Кишимото | |||
Издавач/и | Shueisha | |||
Англиски издавач/и | Viz Media | |||
Целна група | Shōnen | |||
Списание | Akamaru Jump Shonen Jump | |||
Издавање | 1997 | |||
| ||||
Творец | Масаши Кишимото | |||
Издавач/и | Shueisha | |||
Англиски издавач/и | Madman Entertainment Viz Media | |||
| ||||
Целна група | Shōnen | |||
Списание | Akamaru Jump Shonen Jump Banzai! Weekly Comic AniWay Shonen Jump Comic Champ Shonen Jump | |||
Издавање | ноември 1999 - сè уште | |||
Бр. изданија | 63 изданија | |||
| ||||
Режисер | Хајато Дејт | |||
Студио | Studio Pierrot | |||
Лиценца | Aniplex Madman Entertainment | |||
Мрежа | Animax, TV Tokyo | |||
Мк. мрежа | А1 Телевизија | |||
| ||||
Прикажување | 3 октомври 2002 – 8 февруари 2007 | |||
Eпизоди | 220 | |||
Мангата за првпат беше издадена во 1999 од страна на јапонската издавачка куќа Shueisha во 43-то издание на јапонското списание Weekly Shōnen Jump. Мангата сè уште се серијализира, со 47 танкобон томови издадени досега. Мангата подоцна беше адаптирана во аниме, кое беше продуцирано во студијата Pierrot и Aniplex. Премиерата се прикажа низ Јапонија на телевизијата TV Tokyo и на сателитската телевизија Animax на 3 октомври 2002. Првата аниме серија содржи 220 епизоди, додека Наруто: Шипуден, продолжение на првобитната серија, се прикажува од 15 февруари 2007. Во дополнение на аниме серијата, студиото Pierrot разви пет филмови и уште неколку оригинални видео анимации (ОВА). Други видови на трговска стока како романи, видеоигри и карти за менување се произведени од неколку компании.
Viz Media ги има лиценцирано мангата и анимето за продукција на Северна Америка. Viz ги објавува серијалите во нивното Shonen Jump списание, како и посебните томови. Аниме серијата започна со прикажување во САД и Канада во 2005 година, а подоцна и во Обединетото Кралство и Австралија во 2006 и 2007, соодветно. Филмовите, како и повеќето ОВА од серијата, исто така се реализирани под лицанцата на Viz Media, со првиот филм премиерно прикажан во кината. Првото DVD издание на Наруто: Шипуден ќе биде издадено од страна на Viz во Северна Америка на 29 септември 2009.
Серијализиран во списанието Shonen Jump на Viz, Наруто е еден од најпродаваните манга серијали на компанијата. Сè од 36 издание, мангата има продадено над 71 милион копии во Јапонија. Англиската адаптација на серијалот исто така се има појавено и во USA Today неколкупати, а 11 том ја освои Квил наградата во 2006. Критичари за серијалот ја имаат пофалено рамнотежата помеѓу борењето и комичните сцени, како и карактерите на ликовите. Како и да е, некои од критичарите имаат забележно дека серијалот има концепти кои се појавуваат во неколку shōnen серијали.
Приказна
уредиНаруто Узумаки е младо момче кој ја има Девет-опашестата демонска лисица запечатено во него. Дванаесет години пред почетокот на серијата, Девет-опашестата демонска лисица го нападнала нинџа селото Конохагакуре, крвопролевајќи многу животи. Поради тоа, водачот на Конохагакуре – Четвртиот Хокаге, го жртвувал својот живот запечатувајќи го демонот во едно новороденче по име Наруто. Конохагакуре, и покрај фактот дека тој го спасил селото, се однесувале кон Наруто како тој да е демонската лисица и го малтретирале низ поголемиот дел од неговото детство. Во едно соопштение направено од Третиот Хокаге, кој го заменил Четвртиот Хокаге по неговата смрт, се забранило воопшто да се споменува нападот на демонската лисица, со надеж дека Наруто би можел да има барем малку нормално детство. Години подоцна, Наруто е измамен од отметничката нинџа Мизуки да украде забранет свиток, но е спречен од неговиот учител, Ирука Умино. Кога Ирука речиси умира обидувајќи се да го заштити Наруто од Мизуки, Наруто го поразува Мизуки користејќи ја моќта на свитокот, кој му помага да ја развие натприродната техника Клонови на сенки која создава клонови од него. Оваа средба му овозможува на Наруто да сфати дека тој е содржателот на демонската лисица.
Главната приказна го следи растењето и созревањето на Наруто и неговите пријатели. Наруто е ставен во тим со уште две млади нинџи, Сасуке Учиха и Сакура Харуно, кој се назначени да формираат тим од три лица именуван како Тим 7 под водство на искусниот сенсеи по име Какаши Хатаке. Како сите нинџа тимови од секое село, така и Тим 7 е задолжен да извршува мисии по барање на селаните. Во текот на мисиите, Наруто се спријателува и со други ликови кои ги запознава низ серијата. Тие изучуваат нови способности, се запознаваат подобро меѓусебно и со други селани и доживуваат патување на развој и растење како што Наруто сонува да стане Хокаге на Конохагакуре. По неколку мисии, Какаши му дозволува на Тим 7 да учествува во „Чунин испитот“ во кој можат да си го подобрат својот нинџа ранк, а со тоа да бидат дел од потешки мисии. За време на испитот, Орочимару, криминалец на врвот на списокот на најбарани криминалци, ја напаѓа Коноха, убивајќи го Третиот Хокаге како одмазднички чин. Ова придонесува да еден од трите легендарни нинџи, Џираија да ја побара својата поранешна партнерка Цунаде, да стане петтиот Хокаге. За време на потрагата, се открива дека Орочимару посакува да го придобие Сасуке Учиха како неговото следно тело. Верувајќи дека Орочимару ќе му ја даде силата потребна да го убие својот брат Итачи, кој го уништил сиот негов клан. Сасуке оди кај Орочимару. Цунаде праќа група нинџи вклучувајќи го и Наруто за да го вратат Сасуке во Коноха, но Наруто не успева да го победи. Наруто не се откажува од Сасуке, напуштајќи ја Коноха и започнувајќи две и пол години долго тренирање под раководстово на Џираија за да се подготви себеси за следниот пат кога ќе наиде на Сасуке.
По тренирањето, мистериозна организација наречена Акатски се обидува да ги зароби деветте моќни опашести ѕверови вклучувајќи ја и Девет-опашестата демонска лисица запечатена во Наруто. Неколку нинџи од Конохагакуре, вклучувајќи го и Тим 7, се борат против членовите на Акатски и го бараат нивниот партнер Сасуке. Иако успеваат да го спасат содржателот на Едно-опашестиот ѕвер, Гаара, Акатски успева да зароби седум од суштествата. Сасуке, во меѓувреме го предава Орочимару и се соочува со Итачи за да добие одмазда. Иако Итачи умира во борба, подоцна основачот на Акатски Мадара Учиха му кажува на Сасуке дека му било наредено на Итачи од водството на Конохагакуре да го уништи својот клан. Растажен од откритието, Сасуке им се придружува на силите на Акатски за да го уништи Конохагакуре. Во меѓувреме, иако неколку членови на Акатски се поразени од некои нинџи на Конохагакуре, водачот, Пеин, навлегуваа во селото за да го фати Наруто. Сепак, Наруто ги победува сите тела на Пеин и го убедува вистинското да замине. Додека селаните го преградуваат Конохагакуре Цунаде е отпуштена од позицијата Хокаге порди тоа што е во кома откако ја употребила целата своја енергија во заштитување на селаните од Пеин. Оттаму, старешината Данзо ја презема улогата.
Производство
уредиМасаши Кишимото прво создал еднократен стрип од Naruto за изданието на Akamaru Jump за во август 1997.[1] И покрај позитивните резултати на анкетите за читачите, Кишимото мислел дека дизајнот на ликовите е хаос, и дека приказната не е добра. Кишимото оригинално работел на Каракури за Hop Step наградата, кога, незадоволен од грубите планови, одлучил да работи на нешто поинакво, кое подоцна се формираше во манга серијата Наруто. Кишимото се грижел дека користењето на чакра и знаци со раце ја правело серијата Наруто премногу јапонска, но сепак верувал дека би била убава за читање.[2]
Наводи
уреди- ↑ „SJ Runs Yu-Gi-Oh's End, Slam Dunk's Debut, Naruto's Origin“. Anime News Network. 11 мај 2007. Посетено на 2007-11-18.
- ↑ Shonen Jump Special Collector Edition (Free Collector's Edition). No. 00. Viz Media: 68. 2005. ISSN 1545-7818. Отсутно или празно
|title=
(help)
Оваа статија за телевизија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |