Shueisha
Shueisha (јапонски: 株式会社集英社, се чита: Шуеиша) — јапонско издателство. Shueisha е основана во 1925 г. како оддел на Shogakukan. Во 1926 г., Shueisha се одвоила од Shogakukan и службено станала независна компанија. Одделот Jump Comics на Shueisha е главен издавач на манга во Јапонија. Во 1968 г., Shueisha за првпат го објавила Weekly Shonen Jump, кое станало најпознатото и најпопуларното списание за манга во светот. Списанието Shonen Jump ги организира и доделува наградите „Тезука“, кои им оддаваат почит на честољубивите мангаки.
Седиште во Чијода, Јапонија | |
Матично име | 株式会社集英社 |
---|---|
Транскрибирано име | Kabushiki gaisha Shūeisha |
Дејност | издаваштво |
Основано | 8 август 1926 |
Основач | Такео Ога |
Седиште | , Јапонија |
Опслужувани подрачја | светски |
Клучни личности | Шиничи Хироно[1] (претседател и извршен директор) |
Производи | списанија, манга, сликовници, лесни романи, поучни книги, прирачници и други книги |
Оперативен доход | 28,97 милијарди јени (2014) |
Нето-доход | 37,56 милијарди јени (2016) |
Сопственик | Hitotsubashi Group (семејство Ога) |
Вработени | 757[2] (2019) |
Матично претпријатие | Shogakukan (50 %) |
Подружници |
|
Мреж. место | shueisha.co.jp/en/ |
Во 1973 г., Shueisha ја основа компанијата Hakusensha, која исто така е успешен издавач на манга. Заедно со Shogakukan, Shueisha е сопственичка на Viz Media, која објавува манга во Северна Америка.
Списанија за манга на Shueisha
уреди- Akamaru Jump
- Bessatsu Chorus
- Bessatsu Margaret
- Bessatsu You
- Business Jump
- Chorus
- Cobalt
- Cookie
- Cookie Box
- Cookie Fresh
- Crimson Comics
- Deluxe
- Deluxe Margaret
- Eyes Comics
- Margaret
- Ribon
- Ribon Bikkuri
- Ribon Original
- Select You
- Super Jump
- Tokumori
- The Margaret
- Ultra Jump
- V Jump
- Weekly Shonen Jump
- You
- Young Jump
- Young You
- Young You Colors
Наводи
уреди- ↑ „Company Information“. Посетено на 2024-01-11.
- ↑ „企業情報 | 集英社 ― Shueisha ―“.