Битка кај Сента — воен судир помеѓу Османлиското Царство од една и силите на Австрија и Светото Римско Царство од друга страна, на 11 септември 1697 година кај Сента, денеска во Србија. Битката е дел од Големата турска војна. Австриската војска, која била под команда на Евгениј Савојски им нанела тежок пораз на Османлиите кои биле под команда на султан Мустафа II.

Битка кај Сента
Дел од Големата турска војна и
Отоманско-хабсбуршките војни

Битката кај Сента од Франц Ајзенхут
Датум 11 септември 1697
Место Сента, Сегедински санџак, Османлиско Царство (денес во Војводина, Србија)
Исход решителна победа за Светата лига
Завојувани страни
Светата лига со силите на:

 Свето Римско Царство Кралство Унгарија[1][2]

 Османлиско Царство

унгарски куруци

Команданти и водачи
Принц Евгениј Савојски Султан Мустафа II
Елмас Мехмед-паша 
Сила
34.000 пешадијци
16.000 коњаници
60 топови
80.000–100.000 војници[3]
90+ топови
Жртви и загуби
429 загинати
1.598 ранети[4]
30.000 загинати (10.000 удавени[5])
87 одземени топови

Битката кај Сента претставува пресвртна точка во вековната борба против Османлиите во Централна и Југоисточна Европа. Благодарение на победата дошло до Договорот од Карловци (1699), со кој биле поразени еднаш засекогаш османлиските амбиции за освојувањето на Виена и преку неа и на Средна Европа. Како резултат на битката се променил за првпат билансот на силите во Југоисточна Европа во корист на христијанските држави против Османлиското Царство, која им овозможила на европските монархии своите амбиции да ги насочат кон југоисток односно Балканот, Цариград, Црно Море. За првпат од времето на крстоносните војни, насоката на освојувања трајно се насочила повторно од запад кон исток, а не обратно. Сепак, победата сама по себе не била доволна. Потребно било да се развие иницијативата за делување, а кое било овозможено преку Австриско-турската војна (1716-1718). По оваа битка во дипломатијата се поставуил терминот "источно прашање".

Во 90-тите години на XVII век, Османлиите закрепнале од големиот пораз кај Виена. Главна заслуга за тоа имала француско-австриската војна. Во 1697 година султанот проценил дека среќата е повторно на нивна страна по кое следувало влегување на унгарска територија.

Во текот на воената кампања во 1697 година, османлиската армија одлучила да се префрли за призимуване на исток преку Тиса во Темишвар, немајќи податоци дека во близина се наоѓа австриската војска. Австрискиот принц решил да нападне. По 167 години, Унгарија повторно поминала трајно под христијанска власт по Мохачката битка од 1526 година. На страната на Австрија имало загинато околу 500 војници наспроти 30 000 османлиски војници заедно со 87 топови и богатства во неговиот камп. По оваа битка Австријците изненадувачки преминале во Босна и го запалиле градот Сараево.

Наводи

уреди
  1. Liptai Ervin: Magyarország hadtörténete (Military history of Hungary), Zrínyi Katonai Kiadó (Zrínyi Military Publisher), Budapest 1985. ISBN 963-326-337-9[се бара страница]
  2. Magyarország története 1526-1686 (History of Hungary 1526–1686) 2. tome, Authors: Zsigmond Pach and Ágnes Várkonyi, Akadémia Kiadó (Akadémia Publisher), Budapest 1985. ISBN 963-05-0929-6
  3. Suraiya Faroqhi: The Cambridge History of Turkey: The Later Ottoman Empire, 1603-1839, Cambridge University Press, 2006 [1]
  4. K. K. Kriegsarchiv (Hrsg.): Feldzüge des Prinzen Eugen von Savoyen. Verlag des K. K. Generalstabes, Wien 1876, Band 2, page 156.
  5. Spencer C. Tucker: A Global Chronology of Conflict: From the Ancient World to the Modern Middle East, ABC-CLIO, 2010 [2]