Морна
Морна (грчки: Σκοτεινά, Скотина; до 1926 г. Μόρνα, Морна[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 4 жители (2021).
Морна Σκοτεινά | |
---|---|
Поглед на црквата „Св. Никола“ | |
Координати: 40°12′N 22°15′E / 40.200° СГШ; 22.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Локово |
Надм. вис. | 650 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 4 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено југоападно од градот Катерина, во долина на планината Шапка, на надморска височина од 650 м.[3] Кај селото се наоѓа стар камен мост, сместен на реката Кара Су.
Историја
уредиНеговото население уште од порано има грчко потекло.[3]
Селото за првпат е споменато во документ на манастирот Забрдо од средината на XIX век, во кој се наведени дарители од Морна.[4]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 163 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 190 лица.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Скотина (Σκοτεινά).[2]
Во 1965 г. дел од жителите се преселени во селото Фотина, а во 1970-тите години останатото население било преселено во новосоздадената населба Долна Милја, поради што во пописот од 1971 г. Морна е заведена само со 1 жител, а во 1981 г. не е регистрарана како населба.[3]
Стопанство
уредиНаселението традиционално се занимвало со сточарство, а во поново време и со земјоделството.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.178 | 377 | 464 | 1 | — | 8 | 47 | 1 | 4 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Фотина, во кој влегуваат истоименото село и Локово.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
Литература
уреди- Η Μηλιά στη διαδρομή των αιώνων, πρακτικά Συνεδρίου του Μορφωτικού και Πολιτιστικού Συλλόγου Κάτω Μηλιάς "Οι Λαζαίοι", 7-8 Απριλίου 2001, εκδ. ΜΑΤΙ.
- Τσολάκη Λουκά, Το χωριό Σκοτεινά (Μόρνα) άρθρο Περιοδικό Παρουσία, τεύχη 2-3, έκδοση ΝΕΛΕ, Φεβρουάριος 1985.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 10 април 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 280.
- ↑ "Μπέλλος Ζήσης, Οι Επισκοπές Πέτρας και Κίτρους κατά τον Κώδικα Ζάβορδας 1534/1962… (Πρακτικά Επιστημονικού Συνεδρίου: Η Πιερία στα Βυζαντινά και Νεότερα Χρόνια, σελίδες 257-267, 1993)