Шапка (планина)
планина во Егејска Македонија
Шапка (грчки: Πιέρια, Пиерија) — планински венец во јужниот дел на Егејска Македонија, на територијата на Берско, Катеринско и Кожанско (денешните окрузи Иматија, Пиерија и Кожани[1]). Највисока точка е врвот Бајрак (гр. Фламбуро) со 2.193 м. Има издолжен облик, образувајќи долг тесен гребен, во правец североисток-југозапад.
Шапка | |
---|---|
Πιέρια | |
![]() Шума на падините на Шапка | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.193 м |
Географија | |
Место | Егејска Македонија (денес во Грција) |
Матичен венец | природна граница меѓу Централна и Западна Егејска Македонија |
Географски и историски одлики уреди
Прекриена е со мешана листопадна и зимзелена шума и претставува една од најбогатите планини со растителност во денешна Грција, како и една од најпристапните.[1]
На подножјето на Шапка се наоѓа познатото село Кутлеш и остатоците од древната македонска престолнина Ајга.
Рекреација уреди
На Шапка е сместен скијачкиот центар Скутерна (гр. Елатохори).
Поврзано уреди
- Камбуница
- Пиерија (округ)
- Попова Шапка — слично именуван скијачки центар во западна Р. Македонија
Наводи уреди
- ↑ 1,0 1,1 „Πιέρια όρη - www.ritini.gr“. Архивирано од изворникот на 2014-01-12. Посетено на 2015-12-05.