Локово
Локово (грчки: Πέτρα, Петра; до 1927 година Λόκοβη, Локови[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција.
Локово Πέτρα | |
---|---|
Параклисот „Св. Давид“ во селото | |
Координати: 40°10.52′N 22°19.48′E / 40.17533° СГШ; 22.32467° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Локово |
Надм. вис. | 520 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 33 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во северното подножје на планината Олимп, на 28 км западно од градот Катерина и Егејското Море. Близу селото е сместен Локовскиот манастир „Воведение на пресв. Богородица“, седиште на Локовската (Петренска) епархија која постоела до 1896 г.
Историја
уредиСелото е спомнато Трифон Евангелидис (1863-1941) кој во него забележал урнатини од две цркви со икони од 1710 г.[3] Воедно забележал и урнатини од тврдина од византиско време.
Локово како македонско село постоело одамна, но замрело, и било обновено од Грци во XX век. Во црквата „Св. Ѓорѓи“ има икона на Соборот на Апостолите, дело на кулакиски мајстор од втората половина на XIX век.[4]
Обновеното село за првпат се спомнува на пописот од 1940 г. со 105 жители.[5]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 105 | 749 | 190 | 149 | 80 | 78 | 120 | 37 | 33 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ "Καζταρίδη Ι. Φ., Η Πιερία των περιηγητών και των γεωγράφων"σελ. 192
- ↑ Γραίκος, Νικόλαος (2007). Κουλακιώτες ζωγράφοι στην ευρύτερη περιοχή της Κατερίνης κατά τον 19ο αιώνα (грчки). Αθήνα: Εικοστό Έβδομο Συμπόσιο Βυζαντινής και Μεταβυζαντινής Αρχαιολογίας και Τέχνης. Πρόγραμμα και περιλήψεις εισηγήσεων και ανακοινώσεων. Βυζαντινό και Χριστιανικό Μουσείο, 11–13/5: Χριστιανική Αρχαιολογική Εταιρεία. стр. 35. Посетено на 15 юни 2014. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help) - ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 277. ISBN 9989-9819-5-7.