Мормерланд
Мормерланд (германски: Moormerland) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Мормерланд | |
Селската црква во Гандерзум | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лер |
Градоначалник | Хендрик Шулц (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 122 км2 |
Надм. височина | 1 м |
Население | 23.875 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 196 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LER |
Пошт. бр. | 26802 |
Повик. бр. | 04954, 04945, 04924 |
Портал | moormerland.conne.net |
Местоположба на Мормерланд во рамките на округот Лер | |
Координати | 53°19′11″N 7°25′22″E / 53.31972° СГШ; 7.42278° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиМормерланд се наоѓа во северозападниот дел на округот Лер на реката Емс. Општината се наоѓа во градскиот триаголник Емден-Аурих-Лер, граничејќи се непосредно со двата града, Емден и Лер.
Општината зафаќа површина од 122 квадратни километри, што ја прави втора најголема во округот Лер (зад Упленген) и деветта најголема во областа Источна Фризија.
Соседни општини
уредиНа северозапад се граничи општината Мормерланд со безокружниот град Емден, на север со округот Аурих и нејзините општини Илов и Гросефен. На исток се граничи со членките на општинската заедница Хезел: Нојкамперфен, Хезел и на еден мал дел со Холтланд. На југ се наоѓа окружниот град Лер. Општината Јемгум се наоѓа спроти Емс во областа Рајдерланд.
Општински единици
уредиОпштината Мормерланд се состои од единаесет единици.[2]
Единица | Жители | составни места |
---|---|---|
Варзингсфен | 7593 | Варзингсфенполдер, Рорихмор |
Нермор | 4641 | Нермор-Колони |
Фенхузен | 3898 | Фенхузен-Колони |
Јерингсфен | 2448 | нема |
Олдерзум | 1516 | нема |
Бекцетелерфен | 760 | Бекцетелер Хек |
Хатсхаузен | 576 | Ајенволде, Бишерсфен, Кенигсхек |
Тергаст | 489 | нема |
Рорихум | 424 | нема |
Терборг | 109 | Заутелерзил |
Гандерзум | 89 | нема |
Вкупно | 22.543 | — |
Галерија
уреди-
Селската црква во Тергаст
-
Канал во Јерингсфен
-
Општинското собрание
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Gemeinde Moormerland: Standort- und Situationsanalyse Архивирано на 16 февруари 2016 г.Предлошка:Webarchiv; die Einwohnerzahlen beruhen auf eigenen Erhebungen der Gemeinde, weswegen sie höher liegen als die vom Statistischen Landesamt für 2007 ermittelten, vgl. Abschnitt Einwohnerentwicklung weiter unten.
Надворешни врски
уреди- Мормерланд на Ризницата ?