Можен начин во македонскиот јазик

Можниот начин во македонскиот јазик еден од сложените глаголски форми во јазикот. Можниот начин се користи за искажување претполагано, можно или посакувано дејство. Овој можен начин со македонскиот јазик сеобразува со л-глаголска форма[1].

Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Образување

уреди

Формите на можниот начин во македонскиот јазик се најупростени од сите временски и начински форми. За сите три лица има по една форма за еднина и множина[1]. Според тоа имаме пример со глаголот „зборува“:

еднина множина
1. би зборувал би зборувале
2. би зборувал би зборувале
3. би зборувал / -ла / -ло* би зборувале
* -ла се користи за женски род, -ло се користи за среден род.

Поради отсуство на показател за лицето, тоа се определува со личната заменка, со предметот или на поинаков начин. По правило, од свршените глаголи се употребува свршената л-форма, а од несвршените глаголи - несвршената. Не може да се каже на пример: ти би викнел и слично.[1]

Особености

уреди

Можниот начин служи за изразување претполагано, можно или посакувано дејство, независно од времето. Формите на можниот начин се застапени во стандардниот и дијалектниот македонски јазик, но се забележува поголема присутност во стандардниот. Обично овие форми се среќаваат во условните реченици, затоа што постои тесна врска меѓу можноста и условот.[1]

Можниот начин, истиснувајќи или заменувајќи други глаголски форми, денеска се употребува и во други видови реченици, како на пример: Зошто би го слушале него?[1]

Во однос на формата, неправилно е да се користи можниот начинс о сврзникот (за) да во целните реченици, како на пример: Тој излезе порано (за) да би стигнал навреме, туку треба да се користи: Тој излезе порано за да стигне навреме.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 133. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди