Михаил I Цариградски

Михаил I Цариградски ( 1000 – 21 јануари 1059) — Вселенски патријарх од 1043 до 1059 година.

Михаил I Цариградски
Вселенски патријарх
СедиштеЦариградска патријаршија
Ракоположен1043
Службата завршила21 January 1059
ПретходникАлексиј I
НаследникКонстантин III
Лични податоци
Световно имеМихаил Керулариски
РоденЦариград, Византија
ПочиналЦариград, Византија
НационалностВозантиец
Вероисповедправославие
ЖивеалиштеЦариград

Животопис

уреди

Роден во Цариград, Михаил I Цариградски е познат по спорот со папата Лав IX околу разликите во црковните практики меѓу католичката и православната црква, собено со употребата на неквасен леб за време на евхаристијата.[1] Значајни спорови произлегле и околу папското првенство црквата, главна причина за Големиот раскол.

Папата Лав IX испратил писмо до патријархот во 1054 година, во кое имало наведено голем дел од Константиноваta даровница за која се верувало дека е вистинита.[2]

„Првиот папа кој ја употребил даровницата како официјален акт е папата Лав IX, во писмото од 1054 година до Михаил I Цариградски, патријарх Цариградски, тој во писмото ја наведува даровницата за да покаже дека светата столица ги поседува земниот и небесниот свет како и свештенството.“

Некои изучувачи велат дека ова писмо од септември 1053 година, и текстот кој е достапен во Migne, Patrologia Latina, vol. 143, coll. 744-769, никогаш не било испратено, туку оставено настрана,и дека папата одговорил со писмо со помеки но сепак остри зборови Scripta tuae од јануари 1054 година.[3]

Лав IX го убедувал патријархот дека дароовницата е вистинита, односно дека не санува збор за новоизмислен документ, тврдејќи дека само апостолскиот наследник на Петар имал првенство во црквата.

Ова писмо на папата Лав IX било адресирано до Михаил I Цариградски, патријарх Цариградски, и Лав Охридски, од Охрисдската архиепископија, како одговор на писмо пратено од страна на Лав, до Јован, епископ Траниски (во Апулија), во кое категорично се нападнати обичаите на латинската црква кои значајно се разликувале од оние на православната црква. Особено биле критикувани римските обичао за постење во сабота и осветувањето на неквасен леб. Лав IX во своето писмо го обвинил Цариград дека историски е извор на ерес и тврдел со симпатии дека надмоќта ја има епископот на Рим и над Вселенскиот патријарх, кој пак немал никаква моќ.

Може да се спори дека во 1054 година, писмото на патријархот до папата Лав IX ги започнало настаните кои следат, бидејќи во истото стоела титулата „вселенски патријарх“ и на папата Лав му се обратил со зборовите „брат“ наместо „father.“ Папата Лав IX го испратил кардиналот Хумберт Силво-Кандидски на мисија да преговара со патријархот. Михаил одбил да се сретне со кардибналот и го оставил да чека со месеци.

Па кардиналот Хумберт Силво-Кандидски оставил известување за екскомуникација за Михаил на 16 јули 1054 година, и поради смртта на папата Лав IX три месеци пред настанот ја прави оваа екскомуникација невалидна. Михаил за возврат го екскомуницирал кардиналот и папата и последователно ги отстранил нивните имиња од диптисите, со што започнала Големиот раскол.

Овој раскол довел до крај на сојузот меѓу царот и папската држава, и предизвикало наредните папи да стапат во сојуз со норманите против Византија. Патријархот михаил ги затворил сите католички цркви во неговиот домен со што го продлабочил расколот. Во 1965 година, овие екскомуникации беа повлечени одс страна на папата Павле VI и Атинагора, коа имале средба на вториот цариградски собор. Иако екскомуникацијата испорачана од страна на кардиналот Хумберт била неважечка, овој гест покажувал значаен чекор ко воспоставување на евхаристија меѓу Рим и Цариград.

Во краткото владеење Теодора II го согледала обидот на Михаил против престолот. Михаил Псел забележал дека иако на почетокот односот им бил срдечен, во моментот кога Теодора седнала на престолот, тие влегле во конфликт, бидејќи Михаил бил бесен бидејќи со Византија владеела жена, и на оваа тема тој немал срам да зборува отворено.[4] Историчарот навестува дека теосора би го сменила Михаил I Цариградски за неговото отворено негодување и седиција, доколко владеела подолг период.

Михаил имал улога и во абдикацијата на Михаил VI, убедувајќи го да се повлече на 31 август 1057 година, во корист на бунтовничкиот генерал Исак, зад кого на 8 јуни застанала и војската.[5] Импереторот го проследил советот на патријархот и се замонашил. Имајќи ја главната заслуга за поставувањето на престолот, Михаил започнал да расправија со Исак I поради запленувањето на црковниот имот. Михаил отишол толку далеку што направил симоличен чекор што ги облекол виолетовите чевли церемонијално наменети за царот. Михаил очигледно планирал бунт, да го отфрли царот и самиот да седне на истиот или пак да го постави неговиот роднина Константин Дука. Исак го протерал Михаил на Мраморскиот остров во 1058 година и како што Михаил одбивал да се повлече, Псел го обвинил за ерес и предавство.[6] Михаил починал пред да започне судењето.

Наводи

уреди
  1. Michael Cærularius - Catholic Encyclopedia article
  2. Migne's Patrologia Latina, Vol. 143 (cxliii), Col. 744-769. Also Mansi, Sacrorum Conciliorum Nova Amplissima Collectio, Vol. 19 (xix) Col. 635-656.
  3. Kenneth Meyer Setton (editor), A History of the Crusades (Wisconsin University Press 1969 ISBN 9780299048341) pp. 209-210
  4. Psellus, p. 269.
  5. Norwich, pg. 332
  6. Psellus, p. 315. Editor's n. I. See also Skylitzes, p. 464, note 56.

Извори

уреди
  • Migne's Patrologia Latina, Vol. 143 (cxliii), Leo IX Epistolae Et Decreta .pdf - 1.9 Mb. See Col. 744B-769D (pgs. 76-89) for Leo IX's letter.
  • Mansi's, Sacrorum Conciliorum Nova Amplissima Collectio, Vol. 19 (xix) .pdf - 66 Mb. See Col. 635-656.
  • Michael Psellus, Fourteen Byzantine Rulers (The Chronographia), E.R.A. Sewter, trans. New York: Penguin, 1966.
  • Skylitzes, John (John Wortley, trans. and J-C. Cheynet, notes). Cambridge: University Press, 2010.
Духовни титули
Претходник
Алексиј
Цариградски патријарх
1043–1058
Наследник
Константин III