Михаел Ханеке
Михаел Ханеке (роден на 23 март 1942 во Минхен) — германски и австриски режисер и сценарист. Неговите играни филмови, како: Пијано, Скриено, Белата панделка и Љубов, освоиле бројни награди, меѓу кои и „Оскар“, две „Златни палми“ на Канскиот филмски фестивал, два „Златни глобуси“ и неколку европски филмски награди.
Живот
уредиХанеке е син на режисерот и актерот Фриц Ханеке од Диселдорф и австриската глумица Беатрикс Дегеншилд . Мајкл Ханек пораснал во Виенер Нојштат, каде што семејството од страната на неговата мајка имало фарма. Ретко контактирал со својот татко, дури и кога Фриц Ханеке подоцна требало да учествува во театарската продукција на неговиот син. Неговиот вујко е светски познатиот моторџија, Франц Јозеф Биндер. Од 2002 година, Ханеке предава како професор за режија на Виенската филмска академија (Filmakademie Wien) во склоп на универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена. Ханеке има син (роден во 1965 година). Од 1983 година е оженет со сопственичката на антикварница во осмата област на Виена.
Творештво
уредиХанеке е режисер на следниве филмови:
- Седмиот континент (1989)
- 71 фрагмент од една хронологија на случајот (1994)
- Забавни игри (1997)
- Дворец (1997)
- Пијанистка
- Скриено (2005)
- Белата панделка (2009)
- Љубов (2012)
Надворешни врски
уреди- Михаел Ханеке на Ризницата ?
- Михаел Ханеке на Семрежната филмска база на податоци (англиски)