Забавни игри (филм од 1997)

Забавни игри — австриски филм од 1997 година, во режија на Михаел Ханеке, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Сузане Лотар (Susanne Lothar), Улрих Михе (Ulrich Mühe), Арно Фриш (Arno Frisch), Франк Гиринг (Frank Giering) и Стефан Клапчински (Stefan Clapczynski). Во 2007 година се појавила преработката на овој филм, повторно во режија на Ханеке, но со други глумци, во кој дејствието се одвива во САД.[1]

Синопсис

уреди

Брачниот пар Ана (ја игра Лотар) и Георг (го игра Михе), заедно со нивниот син Џорџи (го игра Клапчински) пристигаат во својата викендичка крај едно езеро. Тогаш, кај нив доаѓаат две момчиња, Паул (го игра Фриш) и Петер (го игра Гиринг), претставувајќи се како гости на нивниет соседи. Ненадејно, без никаква причина, момчињата го повредуваат Георг, го убиваат нивното куче и потоа садистички го измачуваат семејството. Џорџи успева да побегне, но Петер го пронаоѓа и го враќа во викендичката. Бидејќи Џорџи се спротивставува, Паул безмилосно го убива пред очите на родителите. Потоа, момчињата си заминуваат, а Ана оди да побара помош. Меѓутоа, тие повторно ја заробуваат и ја враќаат во куќата, каде го убиваат Георг. Изутрината, Паул и Петер се качуваат на едрилица, а Ана ја фрлаат во езерето. Потоа, тие одат во викендичката на друго семејство.[2]

Наводи

уреди