Пијанистка (филм од 2001)

Пијанистка“ (француски: La Pianiste) — француско-австриски филм од 2001 година, во режија на Миахел Ханеке (Michael Haneke), кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Изабел Ипер (Isabelle Huppert), Ани Жирардо (Annie Girardot) и Беноа Мажемел (Benoît Magimel). Филмот е снимен според истоимениот роман на Елфриде Јелинек. На Канскиот филмски фестивал, филмот бил награден со Гран-при, а Ипер и Мажемел ги освоиле наградите за најдобра глумица и за најдобар глумец.[1]

Синопсис

уреди

Ерика (ја игра Ипер) е немажена професорка по пијано на Виенскиот конзерваториум која живее со мајка си (ја игра Жирардо) , а постојано е исполнета со сексуални фрустрации. Поради тоа, таа редовно купува порнографски списанија и филмови и посетува порнографски претстави. За време на приемниот испит, таа се соочува со Валтер, млад талентиран студент (го игра Мажемел) кон кого покажува нетрпение. Меѓутоа, откако тој се запишува на конзерваториумот, таа започнува садомазохистичка врска со него. Најпосле, тој влегува насилно во нејзниот стан, а потоа сурово ја претепува и ја силува. Утредента, Ерика оди на концертот на студентите и во ходникот се сече со нож во рамото, а потоа излегува на улица.

Наводи

уреди