Скриено (филм од 2005)

Скриено (француски: Caché) — францускo-германско-австриско-италијански филм од 2005 година во режија на Михаел Ханеке, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Даниел Отуил, Жулиет Бинош и Морис Бениху. Во 2005 година, Ханеке освоил три награди на Канскиот фестивал, а филмот освоил пет европски филмски награди. Вкупно, филмот освоил 28 награди и имал 36 номинации.[1] Michael Haneke 2009.jpg

Синопсис

уреди

Жорж (го игра Отуил) и Ан (ја игра Бинош) Лоран се брачен пар чиј мирен живот е нарушен откако непознат човек им испраќа видео-касета со снимка од нивната куќа. Нивната вознемирнеост се зголемува кога непознатиот човек им праќа цртежи на кои е прикажан човек кој крвари. Тие го пријавуваат случајот во полицијата, но таа не презема ништо бидејќи нема непосредна закана кон нив. Затоа, Жорж решава самиот да го открие натрапникот. Тој го посетува Маџид (го игра Бениу) чии родители работеле на имотот на родителите на Жорж. Откако неговите родители биле убиени за време на демонстрациите во Париз, Маџид бил посвоен од родителите на Жорж. Љубоморниот Жорж постојано го поткажувал Маџид кај неговите родители, кои одлучиле да го дадат во дом за сираци. Жорж смета дека Маџид му се одмаздува за направената неправда, но тој ги негира обвинувањата. Кога исчезнува синот на Жорж, полицијата ги притвора Маџид и неговиот син, но набргу ги ослободува, зашто синот на Жорж се враќа дома здрав и жив. Еден ден, Маџид го повикува Жорж и пред него извршува самоубиство, а вознемирениот и исплашен Жорж бега во својот дом без да го пријави случајот во полицијата. Набргу, него го посетува синот на Маџид кој го обвинува Жорж дека има нечиста совест.[2] [3]

 
Михаел Ханеке на Канскиот филмски фестивал во 2006 година

Наводи

уреди