Мирославци

село во Костурско, Егејска Македонија

Мирославци или Мирославица (грчки: Μυροβλήτης, Мировлитис; до 1928 г. Μυροσλάβιτσα, Мирославица;[1]албански: Masllavica) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Мирославци
Μυροβλήτης
Мирославци is located in Грција
Мирославци
Мирославци
Местоположба во областа
Мирославци во рамките на Нестрам (општина)
Мирославци
Местоположба на Мирославци во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°20.19′N 20°55.42′E / 40.33650° СГШ; 20.92367° ИГД / 40.33650; 20.92367
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаГрамошта
Надм. вис.&100000000000011800000001.180 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Мирославци се наоѓало крај изворите на реката Коничка Река (Сарандапорос) меѓу планините Горуша од исток и Аренес од запад. Иако административно е во Македонија, Мирославци географски му припаѓа на Епир.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Селото првично било македонско, но населението го напуштило немирното време на крајот од XVIII век, а на негово место се доселиле Албанци муслимани.[2] На крајот од XIX век Мирославци било големо село во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мирославци (Мирославъ) имало 230 жители Арнати муслимани.[3] За време на Илинденското востание на 7 септември 1903 г. во Мирославци влегла големата чета на Васил Чакаларов и го запалила.[2][4]

Грчката статистика од 1905 г. го води Мирославица како село со 150 жители „Турци“.[5] Во тоа време Грците ги воделе албанските муслимани како „Турци“, без оглед на тоа дали самите се изјаснувале така.

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 45 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 87 лица.[2] Во 1928 г. селото е преименувано во Мировлитис, кога имало 92 жители.

Мирославци се распаднало за време на Граѓанска војна (1946-1949) и малкуте преостанати семејства се иселиле во Албанија.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 194
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 32. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
  4. Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание. София: Издателство на Отечествения фронт. 1984. стр. 65.
  5. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mirovlitis Архивирано на 4 март 2016..