Орден за храброст (СФРЈ)
Орден за храброст (српскохрватски: Орден за храброст; словенечки: Red za hrabrost) — одликување на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, дваесет и трето по редослед на важност.
Го воспоставил врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз-Тито, на 15 август 1943 година со Уредба за одликувања во Народноослободителната војска на Југославија, заедно со Медалот за храброст.
Орденот за храброст им се доделувал на „припадниците на вооружените сили на СФРЈ кои извршиле дела во борбата против непријателот во кои нивната лична храброст била силно изразена или кои се истакнале на бојното поле со својата лична храброст“.
Иако било воено одликување, се доделувале и на цивили.
Според сочуваната документација, од 7 септември 1944 до 31 декември 1985 година, државјаните на Југославија и странските државјани биле одликувани со 120.636 Ордени за храброст. Нивниот број е секако поголем, бидејќи дел од наредбите за одликување биле изгубени за време на војната.
Литература
уреди- Воена енциклопедија (шеста книга), Белград 1973 година.
- Општа енциклопедија JLZ, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1980 година.
- Борис Пристер, Одликувања од збирката на д-р Вељко Малинар, Загреб, 2000 година.