Свети Винцент

(Пренасочено од Милиган Ки)
За други значења, видете ја страницата за појаснување.


Свети Винцент (англиски: Saint Vincent) е вулкански остров во Карипското Море. Островот е дел од Карипските Острови, поточно дел од подгрупата на Заветрени Острови. Административно и политички, Свети Винцент е дел од државата Свети Винцент и Гренадини, каде е и најголем остров. Западно од островот се наоѓа Карипското Море, источно се наоѓа Атлантскиот Океан, јужно од островот е Гренада, а северно Света Луција. Островот е составен од делумно потопени вулкански планини. Доминантна географска одлика на Свети Винцент е вулканот Ла Суфриер, кој е сè уште активен.[1] Свети Винцент има вкупна површина од 345 км2 и население од 120.000 жители според податоците од 2005.

Свети Винцент
Познат и како Јурумеј или Хајруна
Поглед кон Свети Винцент.
Географија
МестоКарипско Море
Координати13°15′N 61°12′W / 13.250° СГШ; 61.200° ЗГД / 13.250; -61.200
АрхипелагПриветрени Острови
Површина345 км2
Должина18 ми (29 км)
Ширина11 ми (18 км)
Највисока точкаСуфриер
4,048 ст (1,234 м)
Држава
Парохии6
Составни единици15
Најголема населбаКингстаун (pop. 25,418)
Демографија
Население100,000 (2012)
Густина347,83 /km2 (90.088 /sq mi)
Етнички групицрни 66%, Индијци 6%, Гарифуанци 2%, мешани 19%, бели 4%, други 3%.
Дополнителни податоци

Резерват Парот (Резерват Ричмондова шума)
МСЗП —живеалиште/подрачје под управа со видови)
Координати13°16′42″N 61°11′00″W / 13.27833° СГШ; 61.18333° ЗГД / 13.27833; -61.18333
Површина1.171,2 km2 (452,2 sq mi)
Мрежна страницаParrot Reserve (Richmond Forest Reserve) in Saint Vincent and the Grenadines

Островот во минатото бил под француска и британска колонијална власт. Французите и Британците имало спор за тоа чиј е островот, особено за време на XVIII век. Во 1783 година островот потпаднал под британска власт, која кратко време ја изгубила власта, за да во 1783 година ја воспоставила власта повторно. Островот се стекнал со независност на 27 октомври 1979 година. Главен град на островот е Кингстаун со околу 25.418 жители. Покрај Кингстаун, на островот се наоѓаат и следниве населени места: Леју, Баруалје, Шатобле, Џорџтаун, Калика и Маријака Вели.

Етимологија

уреди

Островот бил населен од Карипци долго време пред доаѓањето на Кристофер Колумбо во 1498 година. Карипците го нарекувале островот Хаироуна. Колумбо го именувал островот како „Свети Винцент“ бидејќи го „открил“ на 22 јануари, денот на Винцент од Сарагоса - патрон на Португалија.

Демографија

уреди

Народот од Свети Винцент се нарекува Винценќани.Најголем дел од населението се Црнци. На островот живее и малобројно бело население, кои воглавно се Англичани и Французи кои останале уште од колонијалниот период. На Свети Винцент живее и индиска етничка заедница.

Според податоците од 2008 година, на островот имало 118.000 жители со просечен природен раст од 0.5%. Најголема религија на островот е Христијанството, од кои 47% се англиканци, 10% се Методисти, 13% се Католици, како и Протестанти и Адвентисти. На островот има и мала хинду-заедница.

Писменоста на островот според 2004 година била 88.1%. Смртноста на новороденчињата во 2006 година била 17 на 1000 новороденчиња. Животниот век за мажите е 69 години, а за жените 74 години.Активната работна снага на островот за 2006 била 57,695 жители, а невработеноста за 2004 била 12%.[2]

Географија

уреди

Свети Винцент е 29 километри долг, а 18 километри широк. Островот се наоѓа на 100 милји (~120 км) од Барбадос. На островот се наоѓа вулканот Ла Суфриер, доминантна географска одлика. Вулканот е сè уште активен, а последен пат бил активен на 13 април 1979 година. Островот е доста планински и покриен со шума. Свети Винцент е дел од Малите Антили, поточно дел од Приветрените Острови. Свети Винцент има вкупна површина од 344 км2 или 88% од вкупната површина на државата. Островот има вкупна должина на брегот од 84 километри. На островот има тропска клима со просечна температура од 18 до 31 степен.

На островот има места кои се карпести со плажи прекриени со црн песок. Црниот песок, кој е настанат од вулканската активност, е главна компонента на повеќето од плажите на островот, односно 95% од островот. Црниот песок со години се користел за градежната индустрија. Сепак, државата во последните години го ограничила ископувањето на песокот.

Острови

уреди
бр. остров адм. центар други нас. места површина  (км2) население
1 Острови Свети Винцент Кингстаун Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле 342.8 109010
1.1 Свети Винцент Кингстаун Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле 342.7 109000
1.2 Јанг Јанг Ајланд Иљја де Форт, Саут Поинт, Сансет Поинт 0.07 10
1.3 останати острови (Милиган Ки и Шатобеле) ненаселени 0.03 0

Политика

уреди

Главен град на државата и островот е Кингстаун. Државата е независна парламентарна демократија која е член на Комонвелтот. Извршната власт е претставена од генералниот гувернер, премиерот и кабинетот на министри. Сегашниот премиер на државата е Ралф Гонсалвес. Законодавниот дом е еднодомен. Собранието има 15 членови избрани на избори и 6 назначени сенатори.

Административна поделба

уреди

Административни, државата е поделена на шест парохии. Пет од парохиите се на островот Свети Винцент, додека шестата е составена од сите Гренадини кои се во склоп на државата. Кингстаун се наоѓа во парохијата Свети Џорџ. Најголема парохија е Шарлот.

парохија главен град
Шарлот Џорџтаун
Гренадини Порт Елизабет
Сент Ендру Лају
Сент Дејвид Шатобелер
Сент Џорџ Кингстаун
Сент Патрик Баруали

Наводи

уреди
  1. Rogozinski, Jan (1999). A Brief History of the Caribbean (Revised. изд.). New York: Facts on File, Inc. стр. 358–359. ISBN 0-8160-3811-2.
  2. „Saint Vincent and the Grenadines“. U.S. Department of State. Посетено на 2009-07-27.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди