Мешели
Мешели (грчки: Πετρινό или Πετρηνό, Петрино; до 1927 г. Μεσιλή, Месили[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[2]
Мешели Πετρινό | |
---|---|
Координати: 41°17.0′N 23°5.0′E / 41.2833° СГШ; 23.0833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 200 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во јужното подножје на Беласица, северно од Мандраџик.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот од XIX век Мешели било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Мишили, оддалечено пет часа на З од Сер. Жителите се орачи, овчари и говедари. 35 куќи само турци.[3] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Мешели живеле 350 Турци.[4]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 492 лица. Селото настрадало во Првата светска војна, поради што во 1920 г. населението се свело на 173 жители.[2] Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Мешели е претставено како наполно дојденско село со 164 жители (40 семејства).[5] Во 1926 г. било преименувано во Петрино, но промената официјално стапила на сила следната 1927 г.[1]
Во 1940 г. населението на Мешели се накачило на 339 лица, а во 1941 г. имало 229 жители, веројатно поради Втората светска војна.[2] Мешели се распаднало за време на Граѓанската војна кога селаните биле преселени во нови куќи во Мандраџик. Власта не дозволила обнова на селото бидејќи било погранично, иако населението и понатаму ги користи имотите во него.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 202. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012