Асирија (римска провинција)

Асирија ― наводната римска провинција што траела само две години (116-118 н.е.).

Provincia Assyria
Провинција на Римската Империја

116–118
Местоположба на Асирија
Местоположба на Асирија
Провинцијата Асирија во рамките на Римската Империја
Историски период Антика
 -  Воспоставена од Трајан 116
 -  Евакуирање од Адријан 118
Денес во Ирак

Историја

уреди

Според Евтропиј и Фест, двајца историчари кои пишувале под раководство на императорот Валенс во втората половина на IV век, во време кога римскиот император Трајан бил сфатен како „вредна парадигма за современите настани и личности“, Асирија била една од трите провинции (со Ерменија и Месопотамија) создадени од Трајан во 116 н.е. по успешната воена кампања против Партија во која во таа година тој ја преминал реката Тигар од Месопотамија и ја зазел, и покрај отпорот, територијата на Адијабена и потоа марширал на југ до партиската престолнина Селевкија-Ктесифон и кон Вавилон.[1]

Има нумизматички докази за трајанските провинции Ерменија и Месопотамија, но нема ниту еден за онаа на Асирија, чие постоење е доведено во прашање од страна на К.С. Лајтфут и Ф. Милер.[2][3][4]

И покрај воената победа на Рим, освојувањето на Трајан во 116 година било исполнето со тешкотии. Од самиот почеток, партискиот принц по име Сантрукес организирал вооружен бунт од домородните народи, при што римските гарнизони биле протерани од нивните позиции и еден римски генерал бил убиен додека неговите трупи се обидувале да го запрат бунтот.[5] Трајан го надминал бунтот, ги зазел и ги запалил Селевкија и Едеса, па дури и поставил марионетски партиски крал; но потоа, на своето патување кон дома во триумф, тој се разболел и умрел на 8 август 117 година.[1]

Наследникот на Трајан, Адријан, спровел нова политика во однос на неодамна стекнатите територии на исток. Верувајќи дека тие премногу ја прошириле Империјата, тој се повлекол на полесно одбранливите граници.[6][7] Тој ја остави недовршена работата за совладување на Партите, за која виде дека ќе бара прекумерно зголемување на воените трошоци. Тој го испрати марионетскиот партиски крал на друго место и му ги врати на поранешниот владетел земјите источно од Еуфрат, заедно со неговата ќерка која била заробена, претпочитајќи да живее со него во мир и пријателство.[8]

Местоположба

уреди

Историчарите од четвртиот век, Евтропиј и Фест, претпоставуваат дека наводната римска провинција Асирија се наоѓала „источно од Тигар и обично идентификувана со Адијабена“.[3] Но, некои современи изучувачи тврдат дека провинцијата Асирија се наоѓала помеѓу реките Тигар и Еуфрат, во денешен средиштен Ирак, местоположба што е потврдена со текстот на римскиот историчар Фест од 4 век.[9] Археологот Андре Марик „убедливо го поистоветува со Асурестан од Шапурскиот натпис од III век“.[3] Меѓутоа, други извори тврдат дека покраината се наоѓала во близина на територијата на денешна Ерменија и источно од Тигар, во регион порано познат како Адијабена,[10] кој бил новоасирско кралство.[се бара извор]

Понатамошна римска активност во Месопотамија

уреди

Повлекувањето на Адријан во 118 година не го означило крајот на римското владеење во Месопотамија. Втората партиска кампања била започната од 161-165 година под команда на Лукиј Вер, при што римската војска уште еднаш ја освоила територијата источно од Еуфрат.[11] Рим продолжил воена акција против Партите повторно во 197-8 година под команда на императорот Септимиј Север.[12]

По неговата успешна кампања, Септимиј Север основал две нови римски провинции: Месопотамија и Осроена на местото на истоименото поранешно кралство основано во 2 век п.н.е.,[13] со средиште во Едеса. Тој, исто така, стационирал две римски легии во новите провинции за да обезбеди стабилност и да спречи прво партиски, а подоцна и сасански напади.[12] Римското влијание во областа завршило под под власта на Јовијан во 363 година, кој го напуштил регионот откако склучил избрзан мировен договор со Сасанците и се повлекол во Константинопол за да ја зацврсти својата политичка моќ.[14]

И покрај постојаната римска активност во регионот, не се наведува дополнително римска провинција Асирија по евакуацијата на Адријан во 118 н.е. Кога Септимј Север ги создал провинциите Осроена и Месопотамија на крајот на II век, не се споменува римска провинција Асирија.

Римскиот историчар Амијан Маркелин (околу 330 - околу 391) вели дека областа Адијабена порано била нарекувана Асирија, без никакви посочувачи дека било кога било римска провинција.[15] Тој вели дека Асирија била најблиската до Рим од главните персиски провинции и дека во негово време била позната под едно име, иако претходно била поделена на неколку народи и племиња.[16] Тој ги наведува градовите Асирија Вавилон, Селевкија и Ктесифон.[17] Тој зборува за императорот Јулијан како, во неговиот поход против Сасанидската Империја, ги напаѓа Асирците непосредно пред да го премине Еуфрат во Осроена,[18] како што живее во близина на Еуфрат јужно од Кара.[19]

Така, се чини дека провинцијата Асирија постоела само за време на владеењето на Трајан, дури и тогаш, и не била вратена за време на подоцнежните римски окупации на регионот. Општата област се совпадна со античка Асирија;[се бара извор] сепак, и Медијците, Ахеменидите, Селевкидите, Сасанидите и Партите сите имале слични имиња за областа (Ашур, Атура, Асуристан).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Theodore Mommsen, Römische Geschichte (Berlin 1885), vol. V (Die Provinzen von Caesar bis Diocletian), pp. 400−401
  2. C. S. Lightfoot, "Trajan's Parthian War and the Fourth-Century Perspective" in The Journal of Roman Studies, Vol. 80 (1990), pp. 115-126
  3. 3,0 3,1 3,2 Erich Kettenhofen, "Trajan" in Encyclopædia Iranica (2004)
  4. Simon Grote, "Another look at the Breviarium of Festus" in The Classical Quarterly, Volume 61, Issue 2 (December 2011), pp. 704-721
  5. David Magie, Roman Rule in Asia Minor to the End of the Third Century After Christ, Princeton, NJ: Princeton University Press, 1950: p. 609.
  6. Charles Freeman, The World of the Romans, New York: Oxford University Press, 1993: p. 62.
  7. The Cambridge Ancient History, Volume XI, London: Cambridge University Press, 1970: p. 640.
  8. Theodore Mommsen, Römische Geschichte (Berlin 1885), vol. V (Die Provinzen von Caesar bis Diocletian), p. 403
  9. C.S. Lightfoot, "Trajan's Parthian War and the Fourth-Century Perspective," The Journal of Roman Studies, Volume 80, (1990), p. 121-122.
  10. Lightfoot p. 121; Magie p. 608.
  11. The Cambridge Ancient History p. 640.
  12. 12,0 12,1 Magie p. 674-5; Fergus Millar, The Roman Empire and its Neighbors, London: Weidenfeld and Nicolson, 1967: p. 211.
  13. Matthew Bunson, A Dictionary of the Roman Empire (Oxford University Press 1995), p. 303
  14. Амијан Маркелин The Later Roman Empire (354-378) A shameful peace concluded by Jovian 6.7 pg.303, Penguin Classics, Translated by Walter Hamilton 1986
  15. Ammianus Marcellinus, Rerum gestarum libri 23.6.20
  16. Ammianus 23.6.14−15
  17. Ammianus, 23.6.23
  18. Ammianus 23.2.6
  19. Ammianus 23.3.1