Ерменија (провинција)
Ерменија (латински: Armenia) била римска провинција, која била основана од царот Трајан во во 114 година за време на неговото освојување, но наскоро, во 118 година, била укината од неговиот наследник Адријан. Главниот град на покраината бил Арташат. Таа вклучувала територии на денешна Ерменија и источни делови на Турција.