Мезија
- За градот Мизија во северна Бугарија, видете град Мизија.
Мезија (латински: Moesia) била римска провинција и историски регион во југоисточниот дел на Европа[1].

ПоложбаУреди
Името „Мезија“ доаѓа од тракиското племе Мези. На југ, регионот граничи со планинската верига Хемус (Стара планина), на север со Дунав, на запад со реките Дрина и Сава, и на исток со Црно Море. Мезија ти опфаќа денешните Северна Бугарија, Источна Србија, романска Северна Добруџа и Скопската Котлина во Македонија.
ПоделбаУреди
Мезија била формирана како посебна заедница кон 6 година од н.е.[2] Во 85-86 година император Домицијан ја поделил Мезија на два дела - Горна и Долна. Граница меѓу двете новоформирани провинции била река Цибрица во денешната Монтанска област. Територијата на провинцијата Долна Мезија ја опфаќала денешна Северна Бугарија (без Видинската област и дел од Монтанската област) со денешна романска Добруџа. Територијата на Горна Мезија ја опфаќала на запад денешна Источна Србија и Косово, на југ денешна Северна Македонија, на исток денешните Перничка област и Ќустендилска област на Бугарија, а на север граница била река Дунав. Дарданија (вклучувајќи ја денешна Северна Македонија до Билазора) до крајот на III век била дел од Горна Мезија,[3] но кон крајот на III век, истата станала посебна римска покраина која граничела со покраината Дакија. Населението на Горна Мезија веројатно е било од западно тракиско потекло, бидејќи жителите на Скупи се говорели на јазикот на племето Беси.[4]
Западната граница на Античка Македонија започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија.[5] Северната граница на Античка Македонија, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес,[5] по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина.[5] Северната граница на Античка Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мезија,[5], меѓутоа оваа граница била и граница меѓу две култури: источна (хеленска) и западна (латинска).[5]
Кичевската котлина и Полог до неодамна погрешно се ставаа во провинцијата Горна Мизија,[5] спротивно од податокот на географот Птолемај дека овој дел влегувал во провинцијата Македонија. Плиниј истакнува дека Дасаретија се протегала на север од Епир сè до дивите барбари Дарданците.[6] Полошката и Кичевската котлина влегувале во македонската област Дасаретија.
Денес Мезија нема никаков политички или административен статус во Бугарија и Србија. Називот се употребува воглавно во историски контексти.
НаводиУреди
- ↑ Транскрипција на латинскиот јазик - диграфи oe и ae, стр. 73, Правопис на македонскиот јазик, Просветно дело, Скопје 2007
- ↑ A short history of the Roman Empire to the death of Marcus Aurelius, J. Wells, R. Barrow, Taylor & Francis, p. 49.
- ↑ The Provincial at Rome: And, Rome and the Balkans 80 BC-AD 14, Liverpool University Press, Sir Ronald Syme, Anthony R. Birley, University of Exeter Press, 1999, ISBN 0859896323, p. 131.
- ↑ Pannonia and Upper Moesia: a history of the Middle Danube Provinces of the Roman Empire, András Mocsy, Routledge, 1974, ISBN 0710077149, p. 364, it. 41.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Историја ан Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004
- ↑ Plin. IV, 3.
ГалеријаУреди
Карта на римските провинции на Балканот. Во јужниот дел на Горна Мезија се гледа градот Скупи
БелешкиУреди
- а Ова е карта што датира од поодамна, на која местоположбата на Скопје (Scupi) е погрешна. Исто така, границите на Горна Мезија не се прецизни (не соодветствуваат со описот во статијата).
Надворешни врскиУреди
- Натписи од Горна Мезија Архивирано на 25 јули 2009 г., Белградски универзитет.
Предлошка:Покраини во Римското Царство (4-7 век)
Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |