Дарданија (Европа)
Дарданија била античка држава на просторите на Балканскиот Полуостров, на подрачјето на денешно Косово, денешна јужна Србија и северозападниот дел на денешна Македонија и денешна источна Албанија. Најголеми населби во тоа време биле Naissus (Ниш), Therranda (Призрен), Vicianum (Вучитрн), Skopi (Скопје) и главниот град Дамастион.
Западната граница на Античка Македонија започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија [1]. Северната граница на Античка Македонија, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес[1], по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина[1]. Северната граница на Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мизија [1], меѓутоа оваа граница била и граница меѓу две култури: источна (хеленска) и западна (латинска)[1].
Дарданците биле племе од илирско и тракиско потекло, кои честопати претставувале закана за Македонското кралство. На територијата живееле и Келти.[2][3] и Тракијци.[3][4] По римското освојување на Илирија во 168 година, Римјаните го колонизирале овој регион и основале неколку градови.[5]
Историчарите од антиката ја споменуваат Дарданија како независно царство од почетокот на втората половина на 4. век пне. Тогаш територијата била приближно како што била и османската покраина Косово. Територијата го вклучувала денешно Косово и се простирала до горниот тек на реката Вардар на југ и Јужна Морава на исток. Населението на Дарданија, претежно од робови, било претежно земјоделско. Во текот на тоа време бил создаден и Демастион - првиот град на илирското царство, кој ковал сопствени пари. За многу кратко време Дарданија го има античкиот град Скупи за главен град. Дарданците упаѓале на територијата на Скупи и Античка Македонија Царството сочинувало неколку племиња, од кои најзначајно било племето на дарданците. Имало и други племиња како: галабри, тунати и тнр алпски дарданци. Царството Дарданија било монархија. Според пишаните податоци од тоа време, се гледа дека дарданската армија била редовна, под команда на царот. Во текот на втората половина на 4. век, основната воена единица е фалангата, составена од 8000 војници.
Римска Покраина
уредиДарданците биле покорени од страна на Римјаните најверојатно кон крајот на I век п.н.е. До крајот на III век Дарданија не била посебна покраина, туку била дел од покраината Мизија (потоа Горна Мизија). Кон крајот на III век, Дарданија станала посебна Римска покраина која граничела со покраината Дакија.
Царот Диоклецијан подоцна (околу 284 година) ја прогласил Дарданија за засебна покраина со главен град Најсус (денешен Ниш во Србија).
-
Регионот Дарданија
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Историја ан Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004
- ↑ The central Balkan tribes in pre-Roman times: Triballi, Autariatae, Dardanians, Scordisci and Moesians by Fanula Papazoglu, ISBN 90-256-0793-4, page 265
- ↑ 3,0 3,1 Pannonia and Upper Moesia: a history of the middle Danube provinces of the Roman Empire The Provinces of the Roman Empire Tome 4, ISBN 0710077149, 9780710077141, 1974, page 9
- ↑ Wilkes, J. J. The Illyrians, 1992, ISBN 0-631-19807-5, page 85, "Дали дарданците беа илирско или тракиско племе е многу дебатирано, но едно видување сугерира дека областа била претходно населена од Тракијци кои подолг период биле во директен контакт со Илирите..."
- ↑ Hauptstädte in Südosteuropa: Geschichte, Funktion, nationale Symbolkraft by Harald Heppner, page 134
Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |