Чај со Мусолини (филм)
Чај со Мусолини (англиски: Tea with Mussolini) е филм од 1999 година, во режија на Франко Зафирели. Главните улоги ги толкуваат: Шер, Џуди Денч и Меги Смит.
Содржина
уредиДејството на филмот се одвива во Италија, во 1935 година. Лука е момче со несредена семејна состојба, кое живее во Фиренца. Неговата мајка е умрена, а татко му има малку време за него. Сепак, тој е добредојден гостин кај Англичанката Мери, која е дојдена во Италија за да ја изучува европската култура. Кога фашизмот започнува да зема замав во Италија, Мери организира средба со Мусолини за да се увери дека тој има добри намери.[1] [2] [3] [4]