Осамената страст на Џудит Херн
„Осамената страст на Џудит Херн“ (англиски: The Lonely Passion of Judith Hearne) — британски филм од 1987 година, во режија на Џек Клејтон (Jack Clayton). Автори на сценариото се: Брајан Мур (Brian Moore) и Питер Нелсон (Peter Nelson), а главните улоги ги играат: Меги Смит (Maggie Smith), Боб Хоскинс (Bob Hoskins) и Венди Хилер (Wendy Hiller).[1]
Синопсис
уредиОсамената и немажена постара девојка Џудит Херн дава часови по клавир и живее во еден депресивен пансион во Даблин. Во нејзиниот живот настапува голема промена кога го запознава Јемс Маден, постариот брат на сопственикот на пансионот. Таа веднаш се вљубува во него, а наспроти сите очекувања, тој ѝ возвраќа со љубов. Со продлабочувањето на нивната врска, Џудит доживува среќа за првпат во животот. Меѓутоа, кога сфаќа дека Џејмс има скриени мотиви, нејзиниот свет се распаѓа...