Џејмс Калахан

Ленард Џејмс Калахан, Барон Калахан од Кардиф, (анг: Leonard James Callaghan, Baron Callaghan of Cardiff; 27 март 1912 г. – 26 март 2005), познат како Џим Калахан ― британски лабуристички политичар, премиер на Обединетото Кралство (1976 - 1979) и лидер на Лабуристичката партија (1976 - 1980). Калахан е единствена личност која ги извршувала сите четири големи државни функции: канцелар за финансии (1964 - 1967), министер за внатрешни работи (1967 - 1970) и министер за надворешни работи (1974 - 1976). Бил пратеник од 1945 до 1987 година.

Ленард Џејмс Калахан
1975 black-and-white photograph of a 63-year-old Callaghan
Калахан во 1975
Премиер на Обединетото Кралство
На должноста
5 април 1976 – 4 мај 1979
Монарх Елизабета II
Претходник Харолд Вилсон
Наследник Маргарет Тачер
Лидер на опозицијата
На должноста
4 мај 1979 – 10 ноември 1980
Монарх Елизабета II
Премиер Маргарет Тачер
Заменик Мајкл Фут
Претходник Маргарет Тачер
Наследник Мајкл Фут
Лидер на Лабуристичката партија
На должноста
5 април 1976 – 10 ноември 1980
Заменик Мајкл Фут
Претходник Harold Wilson
Наследник Michael Foot
Државен секретар за надворешни и комонвелтски работи
На должноста
5 март 1974 – 8 април 1976
Премиер Харолд Вилсон
Претходник Алек Даглас-Хоум
Секретар за внатрешни работи
На должноста
30 ноември 1967 – 19 јуни 1970
Премиер Харолд Вилсон
Канцелар за финансии
На должноста
16 октомври 1964 – 30 ноември 1967
Премиер Харолд Вилсон
Лични податоци
Роден(а) Ленард Џејмс Калахан
27 март 1912(1912-03-27)
Портсмут, Хемпшир, Англија
Починал(а) 26 март 2005(2005-03-26) (возр. 92)
Рингмер, Источен Сасекс, Англија
Партија Лабурист
Сопружник Одри Молтон (в. 1938; died 2005)
Деца 3
Потпис Податотека:Signature of James Callaghan.png
Воена служба
Род Кралска морнарица

Роден е на 27 март 1912 г. во работничко семејство во Портсмут. Калахан рано го напуштил училиштето и започнал кариера како даночен инспектор, а во 1930-тите станал службеник во синдикатот; за време на Втората светска војна бил поручник во Кралската морнарица. На изборите во 1945 година бил избран за пратеник и се сметало дека го застапува левото крило од Лабуристичката партија. Во 1947 година бил назначен за парламентарен секретар во владата на Атли, и сè повеќе почнал да се придвижува кон десното крило на Лабуристичката партија, истовремено одржувајќи ја својата репутација на „Чувар на платнената капа“ – односно одржувал блиска врска меѓу лабуристите и синдикатите. По поразот на лабуристите на изборите во 1951 година, Калахан се повеќе бил сметан за лидер на десното крило на Лабуристичката партија и се кандидирал да стане заменик-лидер во 1960 година и лидер во 1963 година, но бил поразен од Џорџ Браун и Харолд Вилсон, соодветно.

По победата на лабуристите на изборите во 1964 година, Харод Вилсон го назначил Калахан за канцелар на државната каса; ова се случило во турбулентен период за британската економија, кога Калахан морал да се справува со хроничниот дефицит во платниот биланс и со разните шпекулативни напади на фунтата, а девизниот курс да фунтата со другите валути бил фиксиран со Бретонвудскиот систем. На 18 ноември 1967 година, иако прво негирала, Владата извршила девалвација на фунтата. По одлуката, Вилсон го назначил Калахан за секретар за внатрешни работи. Во тоа време, Калахан вршел надзор на операциите на британската армија за поддршка на полицијата во Северна Ирска, по барање од владата на Северна Ирска. Додека лабуристите биле во опозиција (1970 - 1974) Калахан останал министер во владата во сенка; по победата на лабуристите на изборите во 1974 година, Вилсон го назначил Калахан за секретар за надворешни работи. Калахан бил задолжен за повторно преговарање за условите за членство на Велика Британија во Европските заедници (ЕЗ) и ја поддржал кампањата за гласање „Да“ на референдумот во 1975 година, со кој се потврдило членството на ОК во ЕЗ.

Откако Вилсон ненадејно објавил дека во март 1976 година се повлекува од функцијата премиер, Калахан на внатрепартиските избори победил петмина противкандидати и бил избран за лидер на Лабуристичката партија; за премиер бил назначен на 5 април 1976 година. По изборите во 1974 година лабуристите имале тесно мнозинство во Долниот дом, но до моментот кога Калахан станал премиер тие веќе го загубиле мнозинството, а неколкуте порази на дополнителните избори и пребегнувањето на пратеници во првите месеци од мандатот го принудиле Калахан да склучи договор за доверба и поддршка со Либералната партија. Иако на почетокот владата била стабилна, по штрајковите низ целата земја во „Зимата на незадоволство“ (1978-79) и поразот на референдумот за деволуција на Шкотска, довело до тоа помалите партии да им се придружат на конзервативците и на 28 март 1979 година да покренат гласање за недоверба на Калахан. Иако во анкетите ја имал поддршката на народот, Калахан загубил на изборите во 1979 година и на негово место дошла Маргарет Тачер.

Калахан до ноември 1980 година останал лидер на лабуристите, како и лидер на опозицијата. Тој се обидел да го реформира процесот избрање лидер кај лабуристите. Од 1983 до 1987 година бил татко на Долниот дом. Откако му завршил мандатот во Долниот дом во 1987 година, бил промовиран во Домот на лордовите како барон Калахан од Кардиф. Починал на 26 март 2005 година и денес е најдолговечниот поранешен премиер на ОК.

Калаган (десно) со американскиот претседател Џими Картер во 1978 година

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди