Виктор Лилчиќ — македонски археолог и професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден на 16 мај 1956 година во Скопје.

Образование

уреди

1974. Гимназија „Кочо Рацин” - Скопје

1978. Дипломирал на Филозофскиоот факултет во Скопје на Групата за историја на уметност со археологија.

1986. Магистрирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Тема: „АНТИЧКА ГРАДЕЖНА КЕРАМИКА ВО С.Р. МАКЕДОНИЈА, СКУПИ, СТОБИ, ХЕРАКЛЕЈА И СТИБЕРА”

2000. Докторирал на универзитетот во Белград. Тема: „АРХИТЕКТОНСКА КАМЕНА ПЛАСТИКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД 1-6 ВЕК” Дипломата е нострифицирана во Република Македонија на Филозофскиот факултет во Скопје со Решение бр. 09-1137/3 од 31. 10. 2000 година

Археолошка пракса

уреди

1975-2005 година активно работел на археолошките наоѓалишта во Македонија.

АКТИВНО УЧЕСТВО ВО НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИТЕ ПРОЕКТИ

1. „Регионот на Скопје низ антиката и средниот век”, Философски факултет, Скопје, раководител проф. д-р И. Микулчиќ (1976-1980). 2. „Стари градови и тврдини во Средното Повардарие” Философски факултет, Скопје, раководител проф. д-р И. Микулчиќ (1981-1985). 3. Археолошки ископувања на античко Скупи, Музеј на градот Скопје. Раководители: проф. д-р М. Гарашанин и археологот Д. Корачевиќ (кампањи: 7-30. 09. 1978; 3-24. 06 1980; 23.09-10. 10 1980 година) 4. Археолошко ископување на античкиот град Стоби Народен музеј Велес и Универзитетот во Бостон, САД. Учесник студент во југословенско-американската екипа, генерални раководители проф. д-р Блага Алексова и проф. д-р Џ. Вајзман (кампања: 22.06 - 6. 08. 1977 година, во тимот на д-р Рут Колариќ). 5. Археолошко ископување на доцноантичката тврдина и средновековниот град Чрнче, на наоѓалиштето Маркови Кули, Водно, Скопје, Музеј на градот Скопје. Раководител И. Микулчиќ. (кампањи: 7.10 - 7.11 1976; 12. - 31. 10 1977; 13. - 28. 11 1978 и 2. - 19. 9 1980 години). 6. Археолошки ископувања на римската вила на наоѓалиштето Комбе кај селото Мора, општина Фрибур, Швајцарија. Раководител д-р Жан Франсоа Боасабер (кампањи: 4.07-16. 09 1988; 17. 07 - 29. 09 1989; од јули до август 1990 и исто така од јули до август 1991 година) 7. Археолошко ископување на наоѓалиштето Анче кај село Крани на брегот на Преспанско Езеро, Народен музеј Ресен. Раководител проф. д-р Вера Битракова Грозданова (кампања: од 20. - 31. 05 1989 година). 8. Археолошките ископувања на остатоците од ранохристијанската базилика во село Октиси, наоѓалиште Св. Ѓорѓи, раководител проф. д-р В. Битракова Грозданова (кампања во 1990 година). 9. Археолошки ископувања на наоѓалиштето Царина во Кратово, Народен музеј Кратово. Раководител проф. д-р Вера Битракова Грозданова (во 1992 година) 10. Активно учество во научно-истражувачкиот проект Средновековни градови и тврдини во Република Македонија на Философскиот факултет во Скоипје. Раководство проф. д-р И. Микулчиќ (повеќе кампањи во текот на 1990, 1991, 1992 и 1993 години). 11. Самостојни, активни теренски истражувања и документирања во врска научно-истражувачкиот проект за докторската дисертација на тема Архитектонска камена пластика во Република Македонија од 1-6. век н.е. Раководител асс. м-р В. Лилчиќ (активна работа од 16 март 1990 г. до мај 1999 година). Финасиран од ЦЕУ СОРОС (Централен европски универзитет) од Прага, како поединечен проект, во периодот од 1.07. 1994 до 30. 06. 1995 година. 12. Активна организација и работа во теренските и кабинетските активности во научно-истражувачкиот проект северозападна Македонија во доцната антика и средниот век. Проект на независна група истражувачи, финансиран од Институтот Отворено Општество Македонија. Раководител асс. м-р В. Лилчиќ (период во 1995 и 1996 година, документирани и собрани научни информации за дваесетина доцноантички и средновековни гратчиња и тврдини во регионот на Полог, Порече, Кичевско). 13. Раководење со научно-истражувачкиот проект на ЦАИ Изработка на заштитна документација на доцноантичките и средновековни тврдини во Западна Македонија, во текот на 2000 година. 14. Активно учество во научно-истражувачкиот проект Доцноантички и средновековни комуникации и пунктови во Република Македонија, на Институтот за национална историја. Раководител проф. д-р К. Аџиевски (кампањи од 1996 - 1999 година). 15. Активна организација и работа во теренските и кабинетските активности во научно-истражувачкиот проект Студентски истражувачки камп Давина Кула, Чучер, Философски факултет, Скопје. Раководител асс. м-р, д-р В. Лилчиќ (кампањи: 1998, 1999 , 2000 години). Во активната работа на теренскиот практикум зедоа учество голем број студенти од Филозофскиот факултет, од институтите за Историја на уметноста со археологија, Историја и Класични Студии. 16. Успешно реализирани два наставно-научни, студиски престои во Република Словенија, на наоѓалиштето Нова Табла кај Мурска Собота. Организатор на патувањата и работата на две групи студенти од Философскиот факултет во Скопје. Водачи на групите: м-р Н. Чаусидис (15. – 29. 09. 2000); д-р В. Лилчиќ (01. 10. – 13. 10. 2000). Раководител на проектот во Р. Словенија проф. д-р Митја Гуштин. Цел на престојот: обука и запознавање со археолошкиот метод и со дигиталната археолошка технологија на наоѓалиштето). 17. Раководител - главен истражувач на Проектот Источна Македонија од 1-6 век од новата ера од 2002-2004 година 18. Соработник истражувач на Проектот Дигитални методи во научното истражување на античкиот и средновековен град Аударист/Девол од 2002-2004 година. 19. Раководител - гл. истражувач на проектот Античкото кралство Македонија во Република Македонија планиран од 2004-2008 година.

СЛУЖБА

уреди

Од 1982 - 1988 година библиотекар на Институтот за историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 15. 03. 1988 до 2000 асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, вежби по предметите Класична археологија I и Класична археологија „I. Од 27. 10 1988 година до денес го предава предметот Вовед во археологија за I наставна година Од 27. 10 1988 година до учебната 1997/8 година го предавал предметот Вовед во историја на уметност, предавања и вежби. Од 01.10 2000 држи предавања и вежби на дициплината Нумизматика, како дел од предметот Класична археологија I (1 зас неделно). Од 22. 02. 2001, избран во наставничкото звање доцент по предметите класична археологија II и Вовед во археологија Од 2006 избран во наставно-научно звање вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје

ПЕДАГОШКА АКТИВНОСТ

уреди

Ментор на повеќе дипломски трудови Ментор на одбранети магистерски работи на м-р Сузана Котовчевска, м-р Антонио Јакимовски, м-р Трајче Нацев, м-р Гордана Јанева. Ментор на повеќе магистерски трудови во фаза на подготовка Ментор на три докторски труда во фаза на подготовка.

Научно-истражувачка работа на темите античка градежна керамика во Република Македонија

уреди

Магистерски труд „Античка градежна керамика во Република Македонија: Скупи, Стоби, Хераклеја и Стибера”, одбранет на ден 9. 06 1986 година на Философскиот факултет во Скопје, пред комисија: проф. д-р Блага Алексова, проф. д-р Иван Микулчиќ и проф. д-р Вера Битракова Грозданова, публикуван во 1996 година.

Во трудот се накусо проследени: развојот на различните типови и специфични форми на градежната керамика кај старите народи на Блискиот Исток во Егеја, Грција и Италија, потоа преглед на овој материјал кај нас, идентификување на формите, типовите и стандардите во нашите римски градски центри. Одабрани се и обработени околу 2000 примероци од 20 добро датирани антички градби и повеќе десетина сепулкрални целини, напоредно со изворните примероци и добиени одредени метрички, типолошки и други податоци, временски параметри, стандарди и отстапувања. Освен тоа проследени се и оценети општите одлики на џидаријата, џиданите слогови, материјалот и квалитетот на џидањето во првите векови од нашата ера во градовите Скупи, Стоби и Хераклеја, средишта на античката цивилизација во територија на Македонија.

СТАРИ ГРОБНИЦИ И НАДГРОБНИ СПОМЕНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

В. Лилчиќ работел на проблемите на раноцарските надгробни споменици како и на ранохристијанските гробници под свод во територијата на Република Македонија.

АРХИТЕКТОНСКА КАМЕНА ПЛАСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА

Со архитектонската камена пластика работел од 1983 година, а од 16. 03. 1990 уште поинтензивно, обработувајќи ја оваа материја во рамките на докторската дисертација.

Дисертацијата ја предал на Универзитетот во Белград на 10. 09. 1999. а ја одбранил на 8. 0.6. 2000 година пред комисија во состав: проф. д-р. Александрина Цермановиќ Кузмановиќ, проф. д-р Александар Јовановиќ, проф. д-р Иван Ѓорѓевиќ и доц. д-р Сташа Бабиќ. Дипломата е нострифицирана на Философскиот факултет во Скопје со извештајот на проф. д-р Вера Битракова Грозданова, проф. д-р Елица Манева и проф. д-р Коста Аџиевски.

Во рамките на оваа тема активно работел на голем број наоѓалишта, каде го документирал и научно го обработувал овај материјал. Од овие истражувања публикувал поголем број научни статии а како врвен резултат произлезе корпусот на овој материјал од територијата на Република Македонија во рамките на докторската дисертација, студијата „АРХИТЕКТОНСКА КАМЕНА ПЛАСТИКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД 1 ДО 6 ВЕК Н.Е.”, каде на 1044 страници, 3 карти на Р Македонија, 6 табли графичка презентација на типолошката еволуција на камените елементи (А3 формат), се третирани голем број архитектонски камени елементи во Република Македонија од раноцарскиот период и од периодот на доцната антика. Трудот се подготвува за печатење.

РАНОХРИСТИЈАНСКА И СРЕДНОВЕКОВНА ХРИСТИЈАНСКА АРХИТЕКТУРА, НУМИЗМАТИКА, ЛИТУРГИЈА И КАМЕНА ПЛАСТИКА

Активно работејќи на теренските остатоци на голем број ранохристијански базилики на територијата на Република Македонија и особено во кабинетски студиски услови, ја создаде капиталната студија-основен учебник за разбирањето, толкувањето на ранохристијанските архитектонски објекти низ аспектите на археологијата, архитектурата, нумизматиката, камената пластика, литургијата, под наслов Ранохристијанска црква, Скопје 2003, 1-268 страници, како и повеќе статии на истата проблематика публикувани главно во списанието Македонско наследство и во зборникот Спартак 2, Сандански 2006, 157-160.

ДОЦНОАНТИЧКИ И СРЕДНОВЕКОВНИ ТВРДИНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Од 1975 година, В. Лилчиќ работи особено активно на македонските доцноантички и средновековни тврдини. Резултатите од тие истражувања се публикувани во повеќе парцијални трудови. Тука посебно се истакнуваат тврдините во пределот на скопско, кај Нерези, кај Матка, кај Свиларе, потоа тврдините во Тиквешијата, тврдините во Западна Македонија и т. н.

Во јануари 2005 изработи прелиминарна список на сите македонски фортификации од периодите на Железно време, Раната антика, Доцната антика и средниот век, вкупно 980 на број. Доцноантичките тврдини што ќе бидат и главен предмет на неговиот научен интерес во наредните години изнесуваат приближно 50 % од вкупната бројка. В. Лилчиќ посетил до денес повеќе од 50 % од вкупниот број македонски тврдини. Планира да посети истражи и документира уште 313 фортификации за да се доближи до приближно 90-95 % посетени тврдини од вкупниот број 980 македонски тврдини. Со тоа В. Лилчиќ ќе има набљудување на најголемиот број македонски доцноантички тврдини и најобемна досега собрана документација за истите.

Во 2009 година започна со публикување на оваа обемна материја со првиот том од Корпусот на старите градови и тврдини во Република Македонија, Линкестида и Девриоп.

АНТИЧКОТО КРАЛСТВО МАКЕДОНИЈА

Интересот за античкото кралство Македонија го покажува за првпат во стручната литература со монографијата Кралевите а античка Македонаија и нивните монети во Република Македонија (соавтор на Никола Шелдаров), публикувана во Скопје 1994 година.

Подоцна, во 1997 година, ги публикува своите истражувања за северната граница на кралството Македонија во Република Македонија во списанието Македонско наследство бр. 4 и резултатите од истражувањата на Походот на (последниот македонски крал) Персеј на Ускана во Македонско наследство бр. 14 во 2000 година. Во 2004 година го покренува научноистражувачкиот проект Античкото кралство Македонија во Република Македонија а текст-елаборатот за реализацијата на проектот го публикува на македонски и на англиски јазик во истото списание Македонско наследство бр. 23, во Скопје 2004 година.

Во 2004 година покренува научно-истражувачки проект Античкото кралство Македонија во Република Македонија при Филозофскиот факултет во Скопје со цел да се фокусира врз научно истражување на кралството Македонија во Република Македонија и да го сврти вниманието на научната и останатата јавност кон богатиот културен хоризонт на античка Македонија во Република Македонија.

Раноантичкиот културен хоризонт на Македонското кралство не претставува главен интерес на В. Лилчиќ, туку е тоа доцноантичкиот период. Сепак работејќи на доцноантичките тврдини и архитектонската камена пластика, како и на монетите на македонските кралеви, паралелно ги истражува и документира и македонските тврдини. Токму затоа одлучува ограничено да се занимава со оваа тема во наредните неколку години до публикувањето на неколку монографии како резултат од истражувачките активности во горенаведениот проект.

НАУЧНИ СОБИРИ, ЈАВНИ НАСТАПИ ВО МЕДИУМИТЕ

22.-23. 04 1977. Титов Велес: III симпозиум на Археолошкото друштво на Р Македонија. Известување од истражувањето на доцноантичката тврдина кај Г. Нерези. 10.04 1980 Скопје, VII симпозиум на Археолошкото друштво на Р Македонија. Известување за остатоците на ранохристијанските базилики во скопскиот крај (соавтор на рефератот на проф. д-р И. Микулчиќ). 25-26. 11 1981. Битола, VIII симпозиум на Археолошкото друштво на Р Македонија. Известување за доцноантичката гробница под свод кај скопското село Орман. 10.-11. 10 1984. Нови Сад, ХII конгрес на Сојузот на археолошките здруженија на С.Ф.Р. Југославија Известување за истражувањата на средновековната тврдина Матка на Марков Град кај скопското село Матка. 2.-4. 10 1987. Охрид. Симпозиум на античката секција на САДЈ. Соопштување за резултатите од истражувањата на ранохристијанските базилики во Средното Повардарие. 20.-22. 11 1987. Струмица, XI симпозиум на Археолошкото друштво на Р Македонија. Соопштување на резултатите од истражувањата на надгробните споменици во Средното Повардарие од периодот на Раното Царство. 1996. (10-15. 06 1996 г.) Снимена документарна емисија за МРТВ под наслов северозападни крстопати, за истражувањата на тврдините во Западна Македонија. Водител Љубомир Бошковски, (дипл. ист. на ум. и археол.), стручен водител В. Лилчиќ. 31. 03. 1999 година, во Неготино, промотор на монографијата 1000 години антика во Тиквешијата, докторска дисертација на археологот д-р Живојин Винчиќ. 2001 Симпозиум посветен на Спартак во Сандански Бугарија 2002 окт. Симпозиум посветен на Акад. Драгослав Срејовиќ, Крагујевац Србија 2006 Симпозиум на МАНД во Делчево, тема Обид за убикација на градот Пелагонија 2008 Симпозиум на МАНД во Кичево теми: 1. Нови моменти околу убикацјата на градот Пелагонија 2. Три раномакедонски тврдини кај Демир Капија

ПРЕДАВАЊА И СТУДИСКИ ПРЕСТОИ НА СТРАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ И СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ АРХЕОЛОШКИ УСТАНОВИ

Март 2004, Одржани две предавања на Универзитетот во Стокхолм, Шведска Рановизантиски градови и тврдини во Скопско (на англиски) Доцноантичките тврдини во Западна Македонија (на англиски) Септември (4-29) 2006, студиски престој на Römisch-Germanische Kommission des Deutschen Archäologischen Instituts, Frankfurt am Main. Визитинг професор со предавања во Белград на покана од професор д-р Михаило Милинковиќ во 2006 година на тема доцноантички раносредновековни тврдини воп Република Македонија

МАКЕДОНСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Основач, со сопругата, Ј. Маневска Лилчиќ (директор) на книгоиздателството Македонска цивилизација. Ова книгоиздателство од своето основање, 01. 01 1994 година до денес печати речиси исклучиво публикации од доменот на македонската археологија.

Меѓу нив се истакнува реномираното, двојазично научно списание Македонско Наследство / Macedonian Heritage.

МАКЕДОНСКО НАСЛЕДСТВО/MACEDONIAN HERITAGE

Основач, главен уредник и член на издавачкиот научен совет на двојазичното списание Македонско Наследство / Macedonian Heritage, на македонски и англиски јазик, што се публикува со динамика од три броја годишно. Списанието публикува пред сè трудови од археологија а потоа историја на уметноста, историја и етнологија. Основано е во 1996 година и досега се отпечатени 35 броја.

== ЦЕНТАР ЗА АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ==

Основач и претседател на Центарот за археолошки истражувања, Скопје, невладина, непрофитна организација за грижа, заштита, проучување и афирмација на археолошкото културно наследство на Република Македонија. ЦАИ е основан на 26. 08 1998 година, судски регистриран на 8. 12. 1998 година во Скопје.

Во периодот на 11-годишното постоење Центарот за археолошки истражувања од Скопје под раководство на В. Лилчиќ се занимава со следните активности:

1. Подготви и публикува елаборати за изведување шест научно истражувачки проекти, под заеднички наслов Protection and Safeguarding of the Cultural Heritage in the Republic of Macedonia.

2. Изведе научно-истражувачки проект во Западна Македонија во 2000 г, под раководство на В. Лилчиќ: Заштитна документација на доцноантичките и средновековни тврдини во Западна Македонија.

3. Со проф. д-р В. Битракова Грозданова подготвен и поднесен елаборат во Министерството за култура на Република Македонија, за изведување научно-истражувачки проект Заштита и сочувување на културното наследство од античката цивилизација во Република Македонија со два подпроекти:

– Раната антика во Република Македонија, раководител проф. д-р В. Битракова Грозданова

– Доцната антика во Република Македонија, раководител В. Лилчиќ.

4. Подготви и реализира документарна ТВ емисија во должина од 30 минути под наслов Алтернативна археологија. Водител Оливер Бранковиќ дипл. историчар, стручен водител В. Лилчиќ. Емисијата е емитувана во текот на 2000 година повеќепати на МРТВ за Република Македонија како и од МРТВ преку сателитската програма.

5. Организираше во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје, прв научен собир на ЦАИ, на локално рамниште на тема Јустинијан и Македонија кон крајот на јуни 2001 година.

ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА ВО МЕДИУМИТЕ

уреди

Многупати давал изјави, размисли, толкувања и други информации околу разните проблеми на македонското културно и археолошко наследство во медиумите, пред сè весниците и ТВ медиумите. Неколку предавања во основни и средни училишта во Скопје.

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ

уреди

– Активно залагање за отпочнување на примена на дигитална технологија во постапките и методите на археологијата на Република Македонија, пред сè во рамките на Институтот за историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

– Бидејќи досега посетил и документирал приближно 70 % од доцноантичките тврдини во Р Македонија, планира, со досегашните технолошки постапки да ги посети и документира останатите 30 %. Отпочнува да документира со новата компјутеризирана, дигитална технологија. Притоа акцентот во истражувачките активности го става на периодот на 6. век, времето кога на подрачјето на Р Македонија завршува античката епоха.

– Активно се залага, одделот за археологија при Институтот за историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје да прерасне во вистински Институт за археологија на Република Македонија.

– Активно се залага Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје да добие нова работна зграда со зголемени услови за работење, како и најнова опрема за дигитална елаборација на археолошките теми на теренот и во кабинетски услови.

– Обучува теренски работници специјалисти за истражување на тврдините и кабинетски специјалисти за археолошка картографија со топографија специјалисти за софтверите ArcView и GPS хардверите во археологијата.

– Активно се залага да оформи активни теренско-кабинетски истражувачки центри: во Скопје Пелагонија и тоа во Прилепско Мариово (Крушевица и Бонче) и во Црнобуки, Битолско.

Надворешни врски

уреди
  • [1] Архивирано на 16 септември 2011 г. Центар за Археолошки Истражувања Скопје
  • [2] Архивирано на 25 март 2010 г. Летна Археолошка Школа - ЦРНОБУКИ
  • [3] Филозофски факултет Скопје