Мал Алабор

(Пренасочено од Мало Алабор)

Мал Алабор (грчки: Κυδωνιά, Кидонија; книжевно: Κυδωνέα, Кидонеја, до 1953 г.: Μικρό Αλάμπορο, Микро Аламборо[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Мал Алабор
Κυδωνιά
Мал Алабор is located in Грција
Мал Алабор
Мал Алабор
Местоположба во областа
Мал Алабор во рамките на Гида (општина)
Мал Алабор
Местоположба на Мал Алабор во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°31′E / 40.567° СГШ; 22.517° ИГД / 40.567; 22.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&100000000000000030000003 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно213
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу триесетина километри североисточно од градот Бер, а помалку од 40 километри западно од Солун, а крај самата железничка пруга, на надморска височина од 3 метри.[3]

Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида.

Историја

уреди

К’нчов и Бранков, за разлика од другите населени места кои биле населени со грчко население, селото го водат како македонско со 165 жители, но изгледа се работело за македонско погрчено население.[3]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Мал Алабор била мешана населба со 10 бегалски семејства со вкупно 36 жители.[4].

Во 1953 година селото е преименувано во Кидонија (Κυδωνιά).

Стопанство

уреди

Населението произведува големи количества памук, грав, пченица, а дел се занимава и со овоштарство. Земјиштето се наводнува и дава високи приноси. Поради ограничените пасишта, сточарството е слабо развиено.[3]

Население

уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Мал Алабор, Берска каза, живееле 165 Македонци христијани.[5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мал Алабор (Malko-Alabor) живееле 165 Македонци.[6]

Во 1913 година било попишано со 139, во 1920 година со 175, а во 1928 година со 190, од кои само тројца бегалци. Во 1940 година имало 242, во 1951 година 272, во 1961 година 275, во 1971 година 260, во 1981 година 240, а во 1991 година 222 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 253 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 213 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 242 272 275 260 240 222 253 213
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голем Алабор, во кој покрај Мал Алабор влегуваат и селата Голем Алабор и Мало Нишел.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μικρό Αλάμπορο -- Κυδωνέα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 18.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 145.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.

Белешки

уреди