Рок фест
Рок фест — најстар македонски рок фестивал, што се одржувал во Скопје, освен во 1983 кога се одржал во Охрид, на кој настапиле стотици изведувачи.[1]
Рок фест | |
---|---|
Локација | Скопје |
Првпат | 1981 |
Историја
уредиВостановен е во далечната 1981 година, како „Македонски рок фестивал“, односно „Рок Фест“, за подоцна во 1991 година да го промени името во „Поп Рок Фест“. Конечно во 1999 година, повторно да се врати на своето изворно име „Рок Фест“. Фестивалот бил со натпреварувачки карактер, а секоја година се бирале најдобар бенд и најдобар гитарист. Востановувачите на оваа манифестација, некогашниот неделник Екран и Младинскиот културен центар од Скопје, пред сѐ ја имале идејата за откривање и поттикнување на младите музичари од македонскиот музички простор.
Благодарение на оваа манифестација, афирмацијата ја стекнале или барем како отскочна даска ја имале многу бендови, што подоцна ќе бидат фактор во македонската музичка продукција. Меѓу нив се и Автограм, Мизар, Цилиндар, Сарацени, Бадмингтонс, Архангел, Талични Том,Ласт Експедишн, Санаториум, Зијан, Ареа, Верка, SMUT, Визија, Клеопатра, Steel Temple, ТВ Рејџ, Лоши Деца, Октавијан, Далтонс, Smoke Shakers, Културно Уметнички Работници, Тотално Опуштање и многу други. Последен пат Рок фест се одржа во 2014 година.
Наводи
уреди- ↑ „„Рок фест" слави 30 години“. Fashionel.mk. 18 ноември 2014. Посетено на 6 октомври 2017.