Ден за ден[1]македонска и југословенска џез рок група од Скопје. Формирана е во 1978 година, а функционира до 1980 година.

Ден за ден
ПотеклоСкопје, СР Македонија, СФРЈ (денес Република Македонија)
ЖанровиЏез рок, инструментален рок, фолк рок
Период на активност1978 – 1980 година
Членови
Димитар Чочоровски-Чочор
Аријан Дема-Љани
Драгиша Солдатовиќ-Лабиш
Владимир Јанкуловски-Цане
Поранешни членови
Синиша Стојановски

Активности

уреди

Формирањето на бендот „Ден за ден“ започнало кон крајот на 1977 година, кога Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, поранешен член на Леб и сол, решил да направи нов состав. Тој нов состав требало да создава музика под влијание на светски актуелното џез-рок движење. Во оваа нова авантура ги поканил поранешниот тапанар на Леб и сол, Димитар Чочоровски-Чочор, Владимир Јанкуловски-Цане на бас и Синиша Стојановски на гитара.

По интензивните неколкумесечни проби, максимално подготвени за претставување пред јавноста, во јануари 1978 година, во Радио Скопје ги направиле своите први снимки на песните Така треба и на Летна љубов, со Славе Димитров како продуцент.

Настапиле на неколку фестивали: фестивал „Омладина ’78“, одржан на 11 мај 1978 година, на летната бавча во Сарај, на 03 јуни 1978 година, на концерт како гости на Екрановиот натпревар за најдобар диџеј, а од октомври 1978 година, на „Ден за ден“ се приклучил Ариан Дема-Љани, со кого настапиле на традиционалниот фестивал „BOOM“, кој таа година се одржал во Нови Сад во периодот 11-12 декември 1978 година.

Во февруари 1979 година, групата направила нов сет снимање во Радио Скопје, каде биле снимени песните Свадба, Водопад, Циганка и нова верзија на Така треба. Од снимањето заминале за Загреб, каде што одржале два концерта.

На 16 март 1979 година, групата „Ден за ден“ настапила на фестивалот во Опатија, како претставник на Македонскиот радиодифузен сервис, а имале и настапи во Загреб, како и на фестивалот „Омладина ’79“ во Суботица, и во Илирска Бистрица во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Словенија“.

Во ноември 1979 година, групата била во Љубљана за снимањето на својот деби-албум. Албумот во продукција на Иво Умек бил снимен за 100 работни часа, а единаесетте теми – три на Љани, шест на Лабиш, една на Чочор и една на Владимир – ги отсвириле без никакви гости.

По снимањето од Љубљана, групата се вратила во Скопје, а во новогодишната програма што ја понудила Телевизија Скопје, „Ден за ден“ го добиле централното место.

Повторно, за последен пат, биле гости и на „Екран“, повторно на истиот Избор за најдобар македонски диџеј одржан на 14 јуни 1980 во Сарај.

Во јули 1980 година, групата се појавила на Сплитскиот фестивал за да ја промовира својата штотуку излезена плоча. Сликата што ја употребиле за омотот на плочата е дело на архитектот Слободан Живковски.

Бендот уште еднаш се појавил на фестивалот во Опатија, одржан во периодот 22-25 октомври 1980 година, каде што повторно го претставувал Македонското радио, потоа имале концерт во Загреб, а на 22 ноември 1980 година, „Ден за ден“ настапиле на „IV FAMUS“, прочуениот акустичарски фестивал во Сивац, и ова бил и последниот настап на бендот. Членовите на бендот никогаш повеќе не се собрале.

Дискографија

уреди
Наслов Година
Opatija '79 - Rock Grupe / Ciganka; Vodopad 1979
JRT - Opatija '80 - Rock Vece / Jutro i noc 1980
Den za den 1980
Jazz Fair Sajam Jazza / Den za den 1981

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 106, 107. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Надворешни врски

уреди