Флекен

мала населба, но со локално значење

Флекен (германски: Flecken) — ознака за мала населба со локално значење. Главно во Северна Германија се користи овој термин за означување на некоја паланка. Денес, терминот е раширен во повеќе германски покраини. Во Швајцарија и во Холандија, терминот има само историско значење.

Поим

уреди

Еден флекен за околните села претставува средишна точка и ги врши функциите на главно место. Затоа поседува одредени градски права, како на пример пазарните права (Marktflecken).

Германија

уреди

Долна Саксонија

уреди

До 1885 година, во покраината Хановер овие места биле седиште на кралските амтови.

Вкупно 50 општини во Долна Саксонија ја носат титулата „флекен“, меѓу кои најголема е Лангведел (Везер) со околу 14.500 жители. Најмал флекен е Видензал со околу 1.000 жители. Останатите биле издигнати на ниво на градови. Така, градот Бад Ибург до 1959 година ја носел ознаката флекен.

Саксонија-Анхалт

уреди

Во Саксонија-Анхалт, општините Апенбург-Винтерфелд и Дисдорф, местото Калферде во општината Калферде[1] и местото Веферлинген во градот Ебисфелде-Веферлинген ја носат оваа ознака.

Хесен

уреди

Во Хесен општини со ваква ознака се Филмар, Менгерскирхен, Меренберг и Вајлминстер.

Шлезвиг-Холштајн

уреди

Кога Шлезвиг-Холштајн бил преземен од Кралството Прусија и Австрија во 1864 година имало вкупно 25 места со ознака флекен. Со време биле издигнати на ниво на градови или станале дел од Данска во 1920 година (по референдумот во Шлезвиг). Како последна општина со ваква ознака била Арнис, која станала град во 1934 година. Оттогаш нема ниедна општина со ваква ознака.

Швајцарија

уреди

Во Швајцарија одредени места во предалпските или алпските предели ја носеле ознаката флекен, но со средновековниот процес на основање на градовите, овие места станале градови.

Австрија

уреди

Во Тирол постои село Флекен во општината Санкт Улрих/Пилерзе (околу 50 куќи).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди