Црница (почва)
Црница или црнозем — вод темнообоена почва богата со хумус која се образува на глинести карпи во спббореалниот и умереноконтиненталниот појас при периодично промивање или непромивен воден режим под многугодишна тревеста растителност.
Услови на почвообразување
уредиПроцесот на црноземизација се одвива во услови каде климата е субекваторијална, умерено-континентална, карактеризирана со последователно навлажнување и исушување, при што доминираат позитивни температури. Средногодишната температура се движи од +3 до +7 °C. Годишните врнежи изнесуваат 300-600 мм.
Релјефот е од типот на брановидни рамнини (наместа испресечен со депресии, долови и речни тераси).
Растителноста која придонесува за создавање на црницата е многугодишна тревеста со ливадско-степска и степска подзона, која секоја година остава во почвата значително количество на растителни остатоци. Во соодветните хидротермални услови се одвива нивното разложување со формирање на хумусни соединенија (хумификација) кои се натрупуваат во врвните почвени слоеви. Заедно со хумусот во почвата во вид на сложени органоминерални соединенија се устануваат такви елементи важни за исхраната на растенијата, како азот, фосфор, сулфур, железо итн.
Градба на профилот
уреди- A — хумусно-акумулативен
- B — преоден
- C — матичен супстрат
Својства
уредиЦрниците имаат добри водно-воздушни својства, се одликуваат со топчеста или зрнеста структура, содржината во почвениот атсорптивен комплекс изнесува од 70 до 90% калциум, со неутрална или речиси неутрална реакција, висока природна плодност, интензивна хумификација и висока содржина на хумус во врвните слоеви на почвата (до 15%).
Видови
уредиСе делат според два критериума:
Според големината на хумусниот слој (A+AB)
уреди- а) многу дебел (големина на слојот над 120 cm)
- б) дебел (120-80)
- в) среден (80-40)
- г) тенок (<40 cm).
Според содржината на хумус во %
уреди- а) густ (>9 %) со црна боја
- б) среднохумусен (9-6 %), црна боја
- в) малкухумусен (6-4 %), темносива боја
- г) слабохумусен (<4 %), сива боја
- д) микрохумусен (<2 %), светлосива боја.
Типови
уреди- оподзолна црница
- промиена црница
- типична црница
- обична црница
- јужна црница
Зони
уредиГеографски, црниците заземаат значителни површини. Во Евроазија зоната на црниците ги опфаќа Унгарија, Бугарија, Австрија, Чешка, Словачка, Балканот, Молдавија, Украина, централноцрничните области на Русија, Поволжјето, Северен Кавказ, Западен Сибир, Монголија и Кина.
Во Северна Америка во зоната на црниците припаѓа западниот дел на САД и југот на Канада. Во Јужна Америка црниците се среќаваат на југот од Аргентина и во јужните предпланински региони на Чиле.
Литература
уреди- Глазовская М. А. Почвы мира, Тт. 1-2. — М.: Изд-во МГУ, 1972—73.
- Классификация и диагностика почв СССР. — М.: Колос, 1977. — 223 с.
- Минеев В. Г., Панников В. Д., Почвы, климат, удобрения и урожай. — М.: Агропромиздат, 1987. — 512 с.