Лоарски Крај

(Пренасочено од Лоарски крај)

Лоарски Крај (француски: Pays de la Loire, француски изговор: [pɛ.i də la lwaʁ]) — еден од 27-те региони во Франција. Тој е еден од регионите создадени во доцниот 20 век за да му служи како зона на влијание на неговиот главен град, Нант, односно, еден од оние региони наречени ’’метрополи на баланс’’(métropoles d'équilibre) исто како Рона-Алпи, регион создаден заради градот Лион, и Југ-Пиринеи, создаден заради Тулуза.

Лоарски Крај
Pays de la Loire
Знаме на Лоарски КрајЛого на Лоарски Крај
Амблем
Земја Франција
ПрефектураНант
Департмани
Управа
 • ПретседателЖак Оксиет (PS (Социјалистичка партија))
Површина
 • Вкупна32.082 км2 (12,387 ми2)
Население (2015-01-01)
 • Вкупно3.718.512
 • Густина120/км2 (300/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
NUTSFR5
Мреж. местоpaysdelaloire.fr

Историја

уреди
 
Дворецот Монтсоро-Музеј на современа уметност и Лоара.

Лоарскиот Крај е создаден од следниве историски провинции:

Оттука, името на регионот, избрано од страна на француската извршна власт, не се засновало на историјата, туку само на географски одредници: Pays (односно "земји") de la Loire (односно "на Лоара"). Сепак, поголемиот дел на познатите замоци по долината на Лоара се наоѓаат во регионот 'Центар-Долина на Лоара, а не во Лоарски крај.

Географија

уреди
 
Петте департмани и нивните главни градови

Регионот Лоарски Крај се протега на површина од 32.082 км2. Името го носи по реката Лоара која минува низ дв од неговите департмани пред да се влее во Атлантскиот Океан. Последните нејзини притоки го напојуваат регионот. Тоа се реките Лоар, Сарт и Мајен кои се здружуваат за да ја формираат реката Мен во Анже, реката Ердр, на север ; реката Туе и Нантска Севра на југ. Вкупно во регионот има 18.000 километри водни текови. Релљефот на регионот претежно е долина. Највисока точка е планината Авалоар (417 метри). Регионот го заплискува Атлантскиот Океан во должина од 368 километри и поседува два поголеми острова – островот Ноармутје и островот Ил д`Ие. Брегот е на некои места е марпест а некаде песоклив, особено кај устието на Лоара. Во однос на површината, регионот е петти по големина во Франција зад Југ-Пиринеи (1), Рона-Алпи (2), Аквитанија (3), Центар-Долина на Лоара (4)).

Демографија

уреди

Жителите на Лоарски Крај се нарекуваат Лигеријци (Ligériens)[1]. На 1 јануари 2008, населението во Лоарски Крај броело 3.510.170 жители[2]. Населението е поконцентрирано околу седумте поголеми урбани зони со повеќе од 100.000 жители како : Нант, Анже, Ле Ман, Ла Рош-сир-Јон, Шоле, Сен-Назер и Лавал.

  • Раст на населението прикажано по департпан:
Година Население по департман
Лоара-Атлантик департман Мен и Лоара департман Мајен департман Сарт департман Ванде департман Вкупно во Лоарски Крај
1801 369,305 375,544 305,654 388,143 243,426 1,682,072
1851 535,664 516,197 374,566 473,071 383,734 2,283,232
1901 664,971 515,431 313,103 422,699 441,311 2,357,515
1921 649,691 475,485 397,292 2,174,150
1936 659,428 478,404 251,348 388,519 389,211 2,166,910
1946 665,064 393,787 2,224,163
1954 733,575 395,641 2,320,177
1962 803,372 535,122 250,030 443,019 408,928 2,440,471
1968 861,452 585,563 252,762 461,839 421,250 2,582,866
1975 934,499 629,849 261,789 490,385 450,641 2,767,163
1982 995,498 675,321 271,784 504,768 483,027 2,930,398
1990 1,050,539 704,668 277,748 513,280 508,962 3,055,197
2005 1,208,761 754,997 297,854 551,971 587,162 3,400,745

Стопанство

уреди
 
Лозје во Брем, Лоарски крај

Во поглед на население и бруто-домашниот производ, регионот е на 5то место во Франција. Економијата е значајна во земјоделско-прехранбената индустрија (на 3-то место во Франција) со своите 51 % во производството на месо, 19 % млеко, 20% жита. Земјоделството зазема 67 % од територијата. Лоарски Крај е на прво место во Франција по производство на говедско месо а на второ по производство на млеко, компир, пилешко и свинско месо.

Знаменитости

уреди
 
Анжерска апокалипса во Анжерскиот замок

Наводи

уреди
  1. Со значење «Лоарци», согласно латинското име на реката: Liger .
  2. INSEE - Estimation de population au 1er janvier, par région, sexe et grande classe d'âge Предлошка:Xls

Надворешни врски

уреди

47°28′N 0°50′W / 47.467° СГШ; 0.833° ЗГД / 47.467; -0.833