Лицинија Евдоксија

Лицинија Евдоксија (422 - 462) била ќерка на византискиот цар Теодосиј II и Елија Евдоксија и сопруга на западноримскиот цар и Валентинијан III.

Лицинија Евдоксија
Роден(а)422
Цариград
Починал(а)462
Цариград
СопружникВалентинијан III
Петрониј Максим
ДинастијаТеодосиева династија
ТаткоТеодосиј II
МајкаЕлија Евдоксија

Таа била внука по таткова линија на царот Аркадиј и Елија Евдоксија, а по мајчина линија на Леонтиј, софист од Атина.

На 29 октомври 437 година во Цариград се омажила за западноримскиот цар Валентинијан III. Двајцата имале две ќерки, Евдоксија и Плацидија.

Во 439 година Евдоксија, со раѓањето на својата прва ќерка Евдоксија, ја добила титулата Августа.

По смртта на Валентинијан на 16 март 455 година Лицинија Евдоксија била натерана да се омажи за неговиот наследник Петрониј Максим.

Набргу потоа на 2 јуни 455 година вандали те на Гејзерик го нападнале Рим и ја киднапирале Лицинија Евдоксија и нејзините две ќерки во Африка. Во 462 година била ослободена и вратена во Цариград.

Таа дала средства за изградба на базиликата Црква Свети Петар во Окови во Рим.