Јоска Јорданоски – Сандански (село Леништа, Прилепско, 7 април 1921 - село Ореово, Битолско, 3 мај 1942) − македонски комунист, учесник во НОВ, првоборец.

Јоска Јорданоски
Роден 7 април 1921
Леништа, Прилепско
Починал 3 мај 1942(1942-05-03) (возр. 21)
Орехово, Битолско

Животопис уреди

Во 1924 година неговото семејство се преселило во Прилеп. По завршувањето на основното образование, се вработил како продавач на зеленчук во продавницата на Методија Андонов - Ченто. Во дуќанот дошол во контакт со комунистичките идеи на прилепската младина. Се зачленил во фудбалскиот клуб „Граѓански“, а потоа играл фудбал и во маалскиот клуб „Шаторов Камен“. Во 1940 година се зачленил во Месниот комитет на СКОЈ. Истата година одлежал и 15 дена затвор, заедно со роднината Ченто. Истата година заедно со повеќе прилепчани е мобилизиран под изговор за воена вежба и е одведен во концентрациониот логор за изолација во Меѓуречје кај Ивањица.

 
Месноста Ореовска корија каде бил разбиен партизанскиот одред „Пелистер“ и бил убиен Јоска Јорданоски

По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, Јоска Јорданоски-Сандански е еден од првите седум први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година, во месноста Бидимаш на Селечка Планина, ја формирале првата партизанска чета, составена од борците: Илија Игески - Цветан, Трајко Бошкоски - Тарцан, Борка Велески - Левата, Лазо Филипоски - Лавски, Ѓорe Велкоски – Стрелката и Киро Крстески - Платник. На 17 октомври 1941 година учествувал во формирањето на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“.

Следната година, на 22 април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај одредот бил опколен од многубројна бугарска војска и полиција во близина на битолското село Орехово. Во повеќечасовната нерамна борба Јорданоски загинал погоден од непријателски куршум во главата. Бил закопан заедно со неговата соборка Елпида Караманди.[1]

Наводи уреди