Денис Шредер
Денис Мајк Шредер (германски: Dennis Mike Schröder[1] Брауншвајг, 15 септември 1993) е германски кошаркар, плејмејкер на Лос Анџелес Лејкерс и на германската репрезентација.
|
Кариерата ја започнал во својот роден град Брауншвајг, каде играл за екипите на Фантомс Брауншвајг и СГ Брауншвајг. Во 2013 година, се пријавил на НБА драфтот каде бил избран од Атланта Хокс како 17-ти пик во првата рунда. Напредувајќи полека во НБА, тој станал од ротациски до главен играч во тимот. Сепак, по пет години во Атланта тој бил разменет во Оклахома Сити Тандер каде играл до 2020 година. Сезоната 2020-2021 целосно ја поминал во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, додека наредната ја започнал со Бостон Селтикс, а ја завршил со Хјустон Рокетс
Сметан за еден од Шредер најталентираните германски кошаркари,[2] Шредер е стандарден член на германската репрезентација. За својата земја настапил на Светското првенство 2019 и на Европските првенства во 2015, 2017 и 2022.
Биографија
уредиСемејство
уредиРоден е во Брауншвајг, од татко германец и мајка гамбијка.[3] По смртта на неговиот татко (во 2009 година) и помагал на мајка си која работела како фризерка.[4] По религија е муслиман.[5]
Контроверзност
уредиВо септември 2017 година, тој бил уапсен поради тепачка.[6]
Технички одлики
уредиИгра на позицијата плејмејкер, а надарен е со таква брзина што го прави еден од најбрзите играчи во НБА.[7][8][9][10] Тој е инстинктивен играч,[10] кој често внесува ентузијазам во своите настапи.[10][11] Иако претпочита да го напаѓа рекетот со влезови, тој е и добар додавач.[12]
Неговиот прекар е Германскиот Рондо[12], бидејќи често е споредуван со НБА играчот Рејџон Рондо.[4]
Кариера
уредиВо Германија
уредиТој започнал професионална кошарка во 2010 година во КК Брауншвајг, односно во СУМ. Следната половина играл околу 30 натпревари во првиот тим. Во третата сезона, тој веќе бил стандарден член на првиот тим и постигнал 12 бода, 3.2 асистенции и 2.5 скокови во 32 натпревари. На крајот од сезоната, тој бил прогласен за најдобар млад играч во лигата. Во 2013 година учествувал на Самитот на Најк, каде што постигнал 18 бода и имал 6 асистенции.[13]
Атланта
уредиВо истата година, 2013, тој бил избран во јули, како 17-ти од Атланта Хокс . Тој потоа го потпишал договорот со Атланта [14] Во текот на првата сезона често играл во вториот тим на Атланта во НБА лигата. На 22 декември 2014 година, во победа против Далас Маверикс, постигнал рекордни 22 бода.[15] Со невообичаен кош постигнал убедлива победа над Вашингтон во јануари 2015 година.[16]
Репрезентација
уредиТој бил член на помладиот репрезентативен национален тим на Германија . Од 2014 година тој станал стандарден член на сениорскиот тим. Тој особено се истакнал на Европското првенство 2015 година кога ја водел играта на неговиот тим. Сепак, Германија испаднала по првата фаза, и во директната борба за премин изгубила од Шпанија, и тоа со промашување на Шредер од линијата за слободни фрлања.[17]
НБА статистика
уредиЛегенда | |||||
---|---|---|---|---|---|
ОУ | Одиграни натпревари | SU | Започната играта | MPU | Минути по натпревар |
PШ% | Процент на шутеви од игра | 3P% | Процент на шутеви за три бода | СБ% | Процент на слободни фрлања |
SPU | Скокови по натпревар | APU | Број на асистенции по натпревар | UPU | Украдени топки по натпревар |
БПУ | Блокови по натпревар | PPU | Бодови по натпревар | Задебелен | Најдобро во кариерата |
Плеј-оф
уредиГодина | Тим | ОУ | SU | MPU | PШ% | 3P% | СБ% | SPU | APU | UPU | БПУ | PPU |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2013-14, | Атланта | 49 | 0 | 13.1 | .383 | .238 | .674 | 1.2 | 1.9 | .3 | .0 | 3.7 |
2014-15. | Атланта | 77 | 10 | 19.7 | .427 | .351 | .827 | 2.1 | 4.1 | .6 | .1 | 10.0 |
Кариера | 126 | 10 | 17.1 | .417 | .326 | .797 | 1.8 | 3.3 | .5 | .0 | 7.5 |
Плеј-оф
уредиГодина | Тим | ОУ | SU | MPU | PШ% | 3P% | СБ% | SPU | APU | UPU | БПУ | PPU |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2014. | Атланта | 2 | 0 | 3.5 | 1.000 | 1.000 | .000 | 1.0 | .0 | .0 | .0 | 2.5 |
2015. | Атланта | 16 | 0 | 18.1 | .386 | .235 | .857 | 1.8 | 3.9 | .6 | .0 | 9.0 |
Кариера | 18 | 0 | 16.5 | .395 | .257 | .857 | 1.7 | 3.4 | .5 | .0 | 8.3 |
Наводи
уреди- ↑ Timur Tinç (19 јануари 2019). „Im Namen des Vaters“ (германски). Посетено на 22 август 2023.
- ↑ (англиски)„Mock draft: Dennis Schroeder is a young Rondo“. redsarmy.com. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 18 септември 2015.
- ↑ Eddy Jatta. „NBA star Denise Schröder visits family in Gambia“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-09-05. Посетено на 26 април 2019.
- ↑ 4,0 4,1 „Nba, Dennis Schroder: l'emergente tedesco di Atlanta“. Посетено на 28 мај 2019.
- ↑ Marc J. Spears (17 ottobre 2017). „Being Muslim in the NBA“ (англиски). Посетено на 14 мај 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „NBA, guai per gli Atlanta Hawks di Belinelli: il leader Schroeder arrestato per rissa“. Посетено на 26 април 2019.
- ↑ „Top 10 Fastest Players in the NBA 2017“. Sports Top 10 (англиски). 27 јануари 2017. Архивирано од изворникот на 27 април 2019. Посетено на 26 април 2019. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=
(help) - ↑ „Dennis Schroeder scouting report“. SBNation.com. 8 јуни 2013. Посетено на 26 април 2019. Занемарен непознатиот параметар
|autore=
(се препорачува|author=
) (help) - ↑ „The Fastest Players In The NBA, Ranked“. UPROXX. 12 август 2016. Посетено на 26 април 2019.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Daniel O'Brien. „Dennis Schroeder Picked by Atlanta Hawks: Scouting Report and Analysis“. Bleacher Report (англиски). Посетено на 26 април 2019.
- ↑ Jonny Auping (25 мај 2015). „Jeff Teague, Dennis Schröder, Dr. Jekyll, And Mr. Hyde“ (англиски). Посетено на 26 април 2019.
- ↑ 12,0 12,1 „Schröder a OKC: perché può funzionare e perché no“. Посетено на 28 мај 2019.
- ↑ „Dennis Schroeder To Enter Draft“.
- ↑ (англиски)„ATLANTA HAWKS SIGN DENNIS SCHRÖDER“. nba.com. 11 јули 2013. Посетено на 18 септември 2015.
- ↑ (англиски)„Hawks hold off Mavericks for fourth straight win“. nba.com. 23 декември 2014. Посетено на 18 септември 2015.
- ↑ „Денис Шредер је свестан својих моугћности“. sportklub.rs. 12 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 18 септември 2015.
- ↑ „Aufiderzen usred Berlina: Šreder je tragičar Nemačke, Furija izbacila domaćina sa Evrobasketa!“. mozzartsport.com. 10 септември 2015. Посетено на 18 септември 2015.