Кулишта (Куратица)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кулишта“
| |
Местоположба | 41°13′41″N 20°54′14″E / 41.22806° СГШ; 20.90389° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Куратица |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Кулишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Куратица. Претставува утврдена населба од доцната антика.
Помеѓу третиот и четвртиот километар покрај патот Прентов Мост - Куратица (околу 1,5 км јужно од селото) се издига висок рид со зарамнет врв, издолжен во правец север-југ и со површина од 150 × 200 м. По рабовите на платото се забележуваат остатоци од темели на бедем граден од обработен и кршен камен врзан со варов малтер, а во неговата внатрешност темели од помали градби. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси.
Според кажувањето на жителите, биле наоѓани монети кои на едната страна ги имале буквите „М“ и „К“.[1]
Поврзано
уреди- Горно Село — средновековна црква и некропола
- Манастириште — средновековна црква
- Трно Селиште - Аноите — средновековна населба
- Ќуле - Градиште — средновековна кула
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 249. ISBN 9989-649-28-6.