Крило
Крилја се органи кај птиците (што се развиле од предните екстремитети) или инсектите и служат за летање.
Анатомија на птичјото крило
уредиКрилото кај птиците се состои од коска на рамото која е долга, шуплива и исполнета со воздух. На неа се надоврзуваат цврстата лакотна и прилично слабата палечна коска, кои заедно ја чинат подлактицата. Потоа следуваат две или најмногу три коски на зглобот и три редуцирани прсти. Кај некои видови птици палецот има нокт кој навистина личи на канџа, но е скриена со пердуви. Веднаш до палецот се наоѓа редуциран втор прст со две членчиња, а до него е сраснатиот трет прст со еден членче.
Изглед
уредиКрилото претставува двојна лепеза (на сликата означено со буквите "n" и "m") што се шири во лакотниот зглоб и зглобот на метакарпалната коска, чија голема површина ја сочинуваат пердуви за летање, наредени во два реда еден зад друг, а кај коренот се прекриени со неколку редови т.н. покривни пердуви (на сликата означено со буквата “о“), така што заедно сочинуваат мазна, непрекината површина.[1]
Птиците кои не ги користат крилјата за летање немаат пердуви за летање. Таков е случајот, на пример, со пингвините кои крилјата ги користат за летање и како кормило, или кај ноевите кои со крилјата само го помагаат одењето или трчањето, а исто така ги користат во ритуални цели (за привлекување на припадници од спротивниот пол).
Напомена
уредиСпоред граматичките правила во македонскиот јазик, именката крило има две изведени форми: крилја, што вообичаено се користи за живите организми, и крила, што се користи за воздухопловни објекти (авиони, ракети и сл.) или за објекти и предмети изработени од човекот (крила на шкаф, крила на зграда итн.) или пак за општествени движења (пр.: конзервативни крила во партија и сл.) и кај спортски термини (пр.: левите крила на двете екипи).[2]
Крилјата како тема во уметноста и во популарната култура
уредиКрилјата се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Крилја“ (Крила) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[3]
- „Вингс“ (Wings) - англо-американска музичка група, основана во 1971 година од Пол Макартни.[4]
- „Птичји крилја“ (Bird wings) - песна на британската група „Фјучер соунд оф Лондон“ (The Future Sound of London) од 1994 година.[5]
- „Крилја“ (Wings) - американски филм од 1927 година.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Animal biology, Wing of a bird Архивирано на 6 мај 2011 г. (анг.)
- ↑ Блаже Конески, Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура, 1987, стр. 259.
- ↑ Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 52-53.
- ↑ Англиска википедија (пристапено на 7.2.2106)
- ↑ DISCOGS, The Future Sound Of London – Lifeforms (пристапено на 13.11.2020)
- ↑ IMDb, Wings (1927) (пристапено на 7.2.2106)