Крајни точки на Македонија
Ова е список на крајните точки на Македонија, односно месностите кои лежат најисточно, најзападно, најсеверно и најјужно, како и над под секоја друга точка во земјата.
Ова се однесува на тековната македонска држава; крајните точки на цела историско-географска Македонија се поинакви во сите правци, особено на југ и исток.
Просторни крајности
уреди- Најсеверна точка: 42°22′22″N 22°17′45″E / 42.37278° СГШ; 22.29583° ИГД
- врвот Аниште во атарот на с. Луке, Општина Крива Паланка
- Најјужна точка: 40°51′22″N 21°07′02″E / 40.85611° СГШ; 21.11722° ИГД
- крејбрежната месност Маркова Нога на Преспанското Езеро во атарот на с. Долно Дупени, Општина Ресен
- Најисточна точка: 41°43′15″N 23°01′58″E / 41.72083° СГШ; 23.03278° ИГД
- врвот Ченгино Кале на Малешевските Планини во атарот на с. Спиково, Општина Пехчево.
- Најзападна точка: 41°30′50″N 20°27′36″E / 41.51389° СГШ; 20.46000° ИГД
- возвишението Костенар на границата со Голо Брдо, Албанија. Сместено е над свиокот на Црн Дрим на атарската граница меѓу с. Коњари и Бомово, Општина Дебар
Висински крајности
уреди- Највисока точка: 41°47′26″N 20°32′48″E / 41.79056° СГШ; 20.54667° ИГД
- Голем Кораб (2.764 м) на границата со Албанија, Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија
- Најниска точка: 41°08′05″N 22°31′41″E / 41.13472° СГШ; 22.52806° ИГД
- коритото на реката Вардар (44 м) кај с. Богородица на границата со Грција, Општина Гевгелија, југоисточна Македонија
Средиште
уредиГеографското средиште на денешна Македонија се наоѓа во месноста Длабок Дол (41°35′59.98″N 21°42′17.74″E / 41.5999944° СГШ; 21.7049278° ИГД) во атарот на с. Долно Врановци, Општина Велес.[1]