Спиково
Спиково — село во Општина Пехчево, во подрачјето на Малешевијата. Се наоѓа на 6-7 км југоисточно од гратчето Пехчево во подножјето на истоимениот врв Спиково и на 10-тина километри од границата со Бугарија. Селото е напуштено околу 1967 година.[2] Од 2001 г. во него се одржува традиционалниот собир, наречен „Спикијада“.[3][4]
Спиково | |
Координати 41°44′22″N 22°55′01″E / 41.73944° СГШ; 22.91694° ИГД | |
Општина | Пехчево |
Население | непознато жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 1.129 м |
Спиково на општинската карта Атарот на Спиково во рамките на општината | |
Спиково на Ризницата |
Селото било отпишано половина век, но од 2014 г. е повторно заживено и во него се вратило постојано население.[5]
Историја
уредиВо XIX Спиково било мал чифлик (единствен во Пехчевско заедно со Чифлик) во Пехчевската каза со околу 40 куќи.[6] Во 1894-1896 г. имало 20 куќи, христијани.[7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спиково имало 136 жители, сите Македонци христијани.[8][9]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спиково (Spikovo) живееле 80 жители, сите Македонци.[8][10]
Селото е напуштено околу 1967 г.[11] но веќе во XXI век почнало да добива повратни жители и веќе во 2014 г. повторно станало постојано населено место.
Културно-историска оставнина
уреди- Цркви[12]
- Црква „Св. Илија“ — црква чиј камен-темелник бил осветен на 2 август 2014 г.;[13]
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Манастир — црква од старохристијанско време;
Личности
уреди- Никола Спиковчето — деец на ВМРО[15]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Негрево изумре, Спиково сака да воскресне, Дневник, 17.09.2007
- ↑ Община Пехчево
- ↑ Malesh.mk[мртва врска]
- ↑ Седум села се изборија за свое „граѓанство“ Архивирано на 23 септември 2014 г., Глобус
- ↑ Гоцев, Славе. Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912, Издателство на Отечествения фронт София, 1988, стр. 11.
- ↑ Кънчов, Васил. Избрани произведения. Том I. Издателство “Наука и изкуство”, София 1970, стр. 351.
- ↑ 8,0 8,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 228.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pр. 140-141.
- ↑ Негрево изумре, Спиково сака да воскресне, Дневник, 17 септември 2007
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Во село Спиково достојно прославен денот на Републиката „Илинден" и верскиот празник „Св. Пророк Илија"“. Архивирано од изворникот на 2014-10-07. Посетено на 2014-10-03.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 715.