Црква „Св. Петар и Павле“ - Коњско

црква во селото Коњско

Свети Петар и Павле претставува пештерна црква во преспанското село Коњско. Пештерниот храм се наоѓа во пазувите на Пречна Планина, 1,5 км јужно од селото и претставува еден природен пештерен отвор, кој денес со повлекување на нивото на Преспанското Езеро, на околу 20 m високо во карпите, е со многу тежок пристап. Пештерата се состои од два дела, пред комора, или место за молитва и внатрешен дел, т.е. монашко живеалиште. Сочувани се ликовите на „Исус Христос”, Свети Петар и Павле”, како и ликови на непознати маченици. Името на зографот е непознат, но се заклучува дека се работело за сликар кој добро ја познавал не само ликовната туку и теолошката содржина на насликаното, и истиот датира од кон крајот на XIV век.[1] Се смета исто така дека зографот ги следел во потполност сикарските постапки на работилницата која ги сликала црквата „Св. Богородица Заумска“ (1361), како и Свети Ѓорѓи во Костур, Егејска Македонија.[2]

Свети Петар и Павле

Фреска на патроните на црквата, Свети Петар и Павле

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Местоположба

Карта

Место Коњско (Ресенско)
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Апостоли Петар и Павле
Изградба 14 век
Живопис 14 век
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. Ангеличин Жура, Гоце (2004). Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион (Р Македонија, Р. Албанија, Р. Грција). Ирис. ISBN 9989114145.
  2. Bogevska, Saška. Un programme iconographique inhabituel dans la chapelle rupestre Saints-Pierre-et-Paul, Konjsko (Prespa) (PDF) (француски). ISBN 726.54(497.771)773 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).

Надворешни врски

уреди