Црква „Св. Илија“ - Коњско
Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Коњскарскиот манастир во селото Коњско, Македонија.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Втора ресенска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°55′7″N 20°58′29″E / 40.91861° СГШ; 20.97472° ИГД |
Место | Коњско |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1922 (обновена) |
Архитектонски опис |
Црквата со својата местоположба кај заливот Лиса пружа прекрасен поглед на Преспанското Езеро.[2]
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на околу 2 километри северозападно од селото, изградена на карпа на самиот брег на Преспанското Езеро.[3]
Црквата се наоѓа околу 2 километри од селото Коњско и околу 6 километри од селото Стење. До нејзе може да се стигне преку возило преку макадамски пат, како и пеш преку стрмна тесна патека. И двете се издвојуваат од локалниот пат помеѓу двете села.[2]
Историја
уредиЦрквата била подигната во 1922 година на стари темели, што се забележува и од натписот во нишата над влезот, каде стои 10 мај 1922 година. Во нејзина непосредна близина постојат остатоци од градби кои упатуваат на претпоставката дека во минатото тука се наоѓал манастир.[3] Претходната градба на црквата се верува дека потекнува од 1870 година.[2]
Денес, манастирот е обновен.
Архитектура
уредиФрескоживопис
уредиЦрквата не поседува фрескоживопис.
Иконостас
уредиВо внатрешноста на црквата има иконостас.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата од езерото
-
Внатрешноста на црквата
-
Поглед на црквата
-
Ниши над влезот на црквата
-
Поглед на влезот
-
Влезот во црквата
-
Поглед на црквата
-
Црквата со помошниот објект
-
Страничен поглед
-
Погледот на Преспанското Езеро од црквата
-
Иконостасот во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „ЕЗЕРСКА ТУРА: Село Стење – Манастир Свети Илија со плажа Вакув во заливот Лиса село Коњско – Островот Голем град“. 2020-06-19. Посетено на 2022-02-01.
- ↑ 3,0 3,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 154. ISBN 9789989920554. Посетено на 1 февруари 2022.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Коњско на Ризницата ?