Голем Град (Коњско)
- Ова е статија за археолошкото наоѓалиште. За самиот остров видете Голем Град
„Голем Град“
| |
Карта на археолошките наоѓалишта на островот Голем Град | |
Местоположба | 40°52′0″N 20°59′0″E / 40.86667° СГШ; 20.98333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Коњско |
Општина | Ресен |
Тип |
|
Период | неолитско време |
хеленистичко време | |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Голем Град — археолошко наоѓалиште на островот Голем Град во Преспанското Езеро. Претставува населба од неолитско, хеленистичко и римско време, црква и некропола од римско време и средниот век. Се наоѓа во југозападниот дел на Преспанско Езеро, на граничната тромеѓа со Грција и Албанија. Има површина од 18 хектара и претставува природна тврдина со висина од 30 метри над нивото на езерската вода.[1]
Истражувања
уредиУште во 1898 година П. Н. Миљуков го посетил островот и ги регистрирал фреските во црквите „Св. Петар“ и „Св. Димитрија“, денес урната. Ископувања се изведени во 1967/68 година, потоа од 1980 до 1990 година, при што се откриени неолитски артефакти, темели од станбени објекти од хеленистичкото и римското време, основи од две старохристијански еднокорабни цркви, една црква од средниот век (Св. Димитрија), една цистерна од римското време и 102 гроба од римскиот и средновековниот период (II до XIV век) без прекин. Ѕидовите на црквите биле прекриени со фрески, а подовите спорадично со мозаици. Накитот од гробовите е изработуван од бронза, сребро, јантар, стаклена паста и злато. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен. Најотпрвин со истражувањата се пронајдени ѕидини на северниот и јужниот дел на островот, кои ја зацврстиле позицијата на островот а исто и биле пронајдени 2 хеленистички куќи, 5 римски куќи, римски некрополи како и од средниот век, цистерна, 2 ранохристијански цркви и други предмети. Во првата од хеленистичките куќи биле пронајдени многубројни и разни видови на керамика, додека пак во втората скршеници од кровна ќерамида, глина, керамички садови и 2 монети на Филип V, според гореници присутни во втората куќа се заклучило дека имало пожар поради што брзо се напуштила куќата.[2]
Објекти
уредиПоврзано
уреди- Бљудо — населба, црква и некропола од средниот век;
- Коњско — депо на монети од средниот век;
- Старо Село — црква и некропола од средниот век;
- Коњско;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Голем град Преспа, Вера Битракова Грозданова, Скопје 2011, ISBN 608-65066-5-5