Пожега (Хрватска)

(Пренасочено од Славонска Пожега)
За други значења видете ја страницата за појаснување.

Пожега (хрватски: Požega) — град во Хрватска. Пожега се наоѓа во историско-географската област Славонија, а административно е дел од Пожешко-славонската жупанија, каде е и административен центар. Според пописот од 2011 година Општина Пожега имала население од 26,248 жители.[1]

Пожега
град
Горе надолу: Црква Св. Дух, Бискупска палата, река Орљава
Знаме на Пожега
Држава Хрватска
Жупанија Пожешко-славонска
Основан12 век
Управа
 • ГрадоначалникВедран Неферовиќ
Површина
 • град133,91 км2 (5,170 ми2)
Надм. вис.&10000000000000311000000311 м
Население (2011)[1]
 • град26.248
 • Густина2,0/км2 (5,1/ми2)
 • Градскo19.506
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код34000
Повикувачки број+385 34
Рег. таб.
Мреж. местоhttp://www.pozega.hr/

Име уреди

Од 1921 до 1991 година градот бил познат како Славонска Пожега,[2] за да се разликува од градот Пожега во Србија.

Историја уреди

 
Тврдината и градот Пожега (13 век)
 
Пожешки санџак, 1606 г.

Првото споменување на градот Пожега е во Gesta Hungarorum, од страна на анонимен запишувач на Бела III (1172–1196), при што споменува освојување на три тврдини во Славонија, односно во просторот меѓу Дунав и Сутла: Загреб, Влко (Вуковар) и Пожега. Тврдината во Пожега веројатно била изградена во 11 век, и се наоѓала на ридот, каде денес е центарот на градот. Тврдината денес не постои, а останати се само мали делови од ѕидините. Како град Пожега е споменат во документ на Андрија II Арпадовиќ од 11 јануари 1227 година.

Во Римскиот период градот се нарекувал Vallis aurea (Златна долина). Во 13 век бил центар на жупанијата, а меѓу 1536-1688 година градот бил дел од Отоманското Царство и центар на санџак.

Смртта на Хасан Предојевиќ бегот на санџакот во Битката кај Сисак во 1593 година, го означила првиот османлиски пораз во Европа. Пожега била ослободена од турското владеење на 12 март 1688 година. Денес овој датум се слави како ден на градот.

Во 1699 година била основана гимназија, која од 1754 до 1773 година прераснала во академија, односно виша гимназија[3]. За време на турското владеење, повеќето стари цркви биле претворени во џамии.

Пожега станала „Кралски град“ во 1767 година, со документ потпишан од страна на Марија Терезија, кога имала 2.250 жители.[4] Во 1847 година, Пожега била првиот град која го користела хрватскиот јазик како официјален.

За време на Втората светска војна, во текот на август 1942 година биле уапсени повеќе од 1000 лица, жени и деца од Славонска Пожега, кои биле испратени во логорите во Јасеновац и Стара Градишка.[5] Меѓу жртвите од Втората светска војна имало и најмалку 301 хрватски Германци.[6]

Географија уреди

Пожега се наоѓа на надморска височина од околу 152 метри. Градот лежи во Пожешката котлина, која пак е дел од Славонија. Пожега е административен центар на жупанијата. Долината ја оформуваат славонските планини: Пожешка Гора, Псуњ, Папук, Крндија и Диљ.

Население уреди

Според пописот од 2011 година, општина Пожега имала население од 26,248, вклучително:[1]

Поделено по етничка структура: 93.24% Хрвати, 4.66% Срби, 0.56% неизјаснети, 0.38% Албанци, 0.15% Чеси и други.[7]

Збратимени градови уреди

Пожега е збратимен со:

Литература уреди

  • Cresswell, Peterjon; Atkins, Ismay; Dunn, Lily (10 July 2006). Time Out Croatia (First. изд.). London, Berkeley & Toronto: Time Out Group Ltd & Ebury Publishing, Random House Ltd. 20 Vauxhall Bridge Road, London SV1V 2SA. ISBN 978-1-904978-70-1. Посетено на 10 March 2010.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Пожега“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
  2. http://hjp.novi-liber.hr/index.php?show=search_by_id&id=eVlvWhU%3D
  3. "Школски лист", Нови Сад 1859 године
  4. "Српски летопис", Будим 1844 године
  5. "Nazi hunters identify convicted war criminal", Nicholas Wood, International Herald Tribune, September 28, 2006
  6. Vladimir Geiger. Žrtvoslov Nijemaca Požege i Požeške kotline
  7. „Насееление по етничка припадност, по градови/општиин, попис 2011: Пожешко-славонска жупанија“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.

Надворешни врски уреди