Јачков Рид (Костин Дол)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Јачков Рид - Селиште“
| |
Местоположба | 41°57′59″N 22°44′21″E / 41.96639° СГШ; 22.73917° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Костин Дол |
Општина | Македонска Каменица |
Тип |
|
Период | неолитско време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Јачков Рид - Селиште — археолошко наоѓалиште во околината на местото Костин Дол кај градот Македонска Каменица. Претставува населба од неолитско и римско време.
Во непосредната близина на куќата на Тодор Јачков, на ниска чука, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и коскени орудија и фрагменти од дислоциран куќен лепеж. Најдено е и четвртесто тавче, со реципиент во едното ќоше, кое се чува во Заводот и музеј во Штип. Во подножјето на ридот, на поголем простор, исто така се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал.[1]
Поврзано
уреди- Селиште — населба и могила; црква од римско време; старохристијанско време;
- Чукар — населба од неолитско и доцноантичко време;
- Костин Дол;
- Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 125, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |