Гросглокнер
Гросглокнер (германски: Großglockner) или Велики Клек (словенечки: Veliki Klek), скратено само Глокнер (Glockner) — со надморска височина од 3 798 метри над Јадранот e највисок планински врв и највисока планина во Австрија, и највисоката планина во Алпите источно од превојот Бренер. Дел е од Групата Глокнер во масивот Хохе Тауерн, распространет по главниот гребен од Централните Источни Алпи и Алпската Поделба. Пастерце, најголемиот ледник во Австрија, лежи на источните падини на Гросглокнер. Овој врв е, по Монблан, втор по височина во Алпите, мерејќи според релативната висина.
Гросглокнер лежи на границата меѓу Корушка и Источен Тирол.
Карактеристичниот пирамидален облик на врвот всушност се состои од два врва, Гросглокнер (Großglockner) и Клајнглокнер (Kleinglockner) (3770 m н.в. од Германски: groß „голем“, klein „мал“),), кои се раздвоени со седло ко е познато под името Глокнершарте (Glocknerscharte).
Првото искачување на Гросглокнер во 1779 година било неуспешно. Летото 1800, била организирана втора експедиција: учествувале 62 луѓе, од кои 47 биле водичи. На 28 јули 1800 година, браќата Мартин и Сеп Клоц, заедно со двајца други столари и свештеникот Хорашо од Делзах, тргнале во поход да стигнат до врвот.
Потекло на поимот
уредиИмето Глокнерер првпат е документирано на карта од 1561 година која ја изработил виенскиот картограф Волфганг Лазиус. Името Глогер е споменато во 1583 година при опис на тиролскиот административен округ Калс. Во 1760-тие година, во Тиролски атлас (Atlas Tyrolensis) е наведен Глокнер Берг (планина Глокнер), а претставката Грос („велик“) се спомнува со првата експедиција во 1799 година.
Според австрискиот научник Белсазар Аке (1735-1815) можно е името да доаѓа од германскиот збор Glocke (ѕвоно) што се однесува на карактеристичниот облик на планината. Може да е и германизирана верзија на словенскиот збор Клек (планина) кој е задржан во словенечкото име Велики Клек.
Надворешни врски
уреди- Фотографии од Грослокнер Архивирано на 28 октомври 2005 г.